Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ulica Stevo Teodosievski101.06.2015  Улицата “Стево Теодосиевски“, поранешна “Ленинова“, останува тесно грло и опасност за пешаците и останатите учесници во сообраќајот. Иако е една од најфреквентните и е еден од излезите од градот, условите што ги има на половина од неа се под основните критериуми за нормално движење на возила и пешаци.

Без тротоари и со само една коловозна лента, со надвиснати стари објекти и слаба прегледност, вистинска среќа е што до сега овде не се случил поголем сообраќаен инцидент. Во непсоредна близина се две училишта, а освен ученици голем проток на пешаци има во текот на целиот ден.

Поради тоа повеќе пати граѓаните усно реагирале со барање да се преземат мерки за подобрување на безбедноста, а на последната седница на Советот на Општината имаше и конкретен пример какви опасности се кријат на последните стотина метри од улицата.

- Еве ќе ви покажам две фотографии од куќата на улица “Ленинова“ за која што зборувам дека во скоро време ќе има тука несакана случка. Ги гледате ќерамидите, висат точно над улицата. Улицата е со една лента, станува збор таму каде што се автопералните, значи со една лента е стеснета, нема тротоар ниту ид едната, ниту од другата страна, луѓето мора да се движат точно покрај ѕидот на оваа куќа, на која што веќе и висат ќерамидите, тука гледате се рони, имавме паѓање на малтер пред неколку дена, така што мислам дека за наредната зима оваа куќа нема да “преживее“, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

Од Општината велат дека знаат за состојбата на улицата “Стево Теодосиевски“, но до сега не се преземени поголеми градежни зафати за нејзино проширување, бидејќи се работи за приватен имот, а за што се потребни поголеми финансиски средства. Сепак, во рамки на законските можности неколку пати до сега бил правена контрола од страна на комуналниот инспектор, со цел да се подобри безбедноста на улицата.

- Пак ќе го испратиме инспекторот да постапи согласно законските надлежности. Мислам дека веќе има постапувано, има задолженија за сопственикот, а ако тој не преземе нешто, тогаш на негова сметка ние ќе преземеме птстранување на тие предмети што се склони на паѓање или целата куќа, ќе видиме, рече Петар Апостолов, секретар на Општина Кочани.

Од Локалната самоуправа потсетуваат дека во изминатиот период биле преземени мерки за рушење на дел од куќите во централното градско подрачје, пред се на улицата “Димитар Влахов“, кои ја загорзувале безбедноста на пешаците. Според таквиот пример, ќе биле преземени мерки и за споменатите објекти на улицата “Стево Теодосиевски“, за која според планските документи е предвидено во иднина да биде проширена и да биде соодветно сообраќајно решена.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code