Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

amphenol amfenol mk202.06.2015  Компанијата “Амфенол“, како една од странските инвестиции што производството го започна пред околу една ипол година, своето работење го базира на соработка со фирмите основани со домашен капитал.

Стратегија на американскиот инвеститор била да се наоѓаат што повеќе локални добавувачи, односно изворите за набавки максимално да се локализираат. Со тоа, освен развојот на веќе инвестираниот капитал, индиректно се влијаело врз развојот на придружните бизниси кои учествуваат во синџирот на поддржувачи на основниот производствен процес.

Таквата концепција влиајела за јакнење на меѓусебната доверба, но и за одржливоста на бизнисот на подолг период, велат од “Амфенол“, која постојано ја проширувала соработката со локалните компании.

- Ние се што можеме и што е дозволено локално да го обезбедиме веќе го обезбедуваме уште од самиот почеток, почнувајќи од амбалажа, метални конструкции, било какви алати, прирачни алати, палети, електрична опрема, компресорска опрема, значи се што може. Единствен проблем ни е околу компонентите што влегуваат во производот, тие мораат да бидат претходно одобрени. Знаете дека работиме за автомобилската индустрија и таму барањата се ригорозни за се што влегува, до најситниот детал. Значи, таму оди побавно и повеќе време одзема, меѓутоа се друго што не влегува директно во производот како компонента се можеме, и мислам дека во најголем дел го обезбедуваме, рече Сашко Наков, менаџер на компанијата “Амфенол“

Според Наков, повеќе фирми од Кочани и поширокиот регион секоја недела вршат некаква испорака или услуга за потребите на “Амфенол“, а тоа бил добар бенефит за нив, со оглед што не се работи за многу големи фирми. Всушност, целиот транспорт и логистика е од домашни, македонски компании така што тоа е голема ставка што влегува во нивното целокупното работење и со што релативно добро се реализира соработката на странските со компаниите со домашен капитал, иако има простор за нејзино подобрување.

- Остануваат и многу работи што можат да се надградуваат, како во делот на производството на антени за мобилна телефонија. Таму е потребно одобрување и валидација, но не од крајниот купувач, туку од нашите центри за развој што се во Франција и тоа оди се побрзо и побрзо, па и компоненти почнуваме да обезбедуваме, така што мислам дека тој тренд ќе се зголеми. Идејата е што повеќе да се локализираат набавките, додава Наков.

Домашните компании испорачувале солиден квалитет на производите и услугите за потребите на странските инвестиции, а потврда за тоа е што нарачките и соработката постојано бележи тренд на пораст. Освен тоа, тие преземаат обврски и во поддршката за обука на соодветен стручен кадар, што им е неопходен во производствениот процес, така што освен материјално, соработката започнува да се проширува и на стручен план.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code