Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ucenici Prevoz15.06.2015  Бесплатниот превоз за учениците им трупа долгови на општините од регионот. Доцнењето во плаќањето на обврските кон транспортните претпријатија што ја извршуваат услугата станува хронична појава, а меѓу поголемите деолжници се токму општините кои имаат и поголем број ученици – Штип и Кочани.

За периодот од крајот на 2013 година до денес Општина Кочани на име бесплатен превоз на ученици должи околу 30 милиони денари.

Иако според буџетските планирања за овој период биле предвидувани годишно да се издвојуваат по околу 9 милиони, со што услугата целосно би била покривана, сепак од општинската администрација, во краткиот телефонски одговор, потврдија дека се доцни со плаќањето.

Според законските одредби, Локалната самоуправа има обврска да обезбеди организиран бесплатен превоз за учениците кои живеат на оддалеченост поголема од 2,5 километри од училиштето, при што со таквата можност се опфатени околу 1200 ученици кои се школуваат во четирите основни и двете средни училишта во Кочани. Освен за учениците кои се жители на нашата општина, бесплатно ќе се возат и ученици од Делчево, Берово, Виница, Пробиштип и другите помали општини во источниот дел на државата кои се школуваат кај нас.

Во меѓувреме се очекува училиштата да го објават новиот тендер за избор на превозник за претстојната учебна година. Со оглед дека за сега нема никакви правни и други пречки, огласот не би требало да доцни, за разлика од пред три години кога се чекаше на Правилникот за организирање на превозот на учениците што го издава Министерството за образование.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code