Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Reka cistenje18.06.2015  Врнежите од дожд и снег во изминатите есен и зима што што предизвикаа екстремно полнење на коритото на Кочанска Река донесоа и големи наноси од песок и камења со што се измени нејзиниот тек.

Граѓаните кои имаат станбени и деловни објекти во непосредна близина на реката упатиле барање до Локалната самоуправа да преземе мерки за нејзино чистење, затоа што се покачило нивото на подземните води и се поплавиле подрумските простории.

Од почетокот на неделата механизација на компанијата “Калина“ е ангажирана на отстранување на дел од песочниот слој, на потегот помеѓу мостовите кај Центарот за култура и кај Шопинг центарот.

Според одговорните во Општина Кочани, ќе се работи само на постојниот тек на реката без да има негово проширување, со намера колку што е можно повеќе да не се нарушува естетскиот изглед на тревнатиот дел.

За таа намена се користат средства од програмата за уредување на парковските и зелените површини во градот, а според динамиката се очекува работите да завршат идната недела.

Наносите од песок што се црпат од реката се користат како тампон при изградбата на крак од улицата “Унгарска“ во зоната Лесна индустрија. Се работи за пристапен коловоз во должина од околу 150 метри кај новиот објект на компанијата “Вима фешн“ што е продолжеток на споменатата улица и треба да ги опслужува објектите во близина.

За сега се планира кракот целосно да биде пробиен и тампониран, а потоа да се преземат активности и за негово асфалтирање.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 79 гости и нема членови


web counter



qr code