Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kandidati za policiski komandir24.06.2015  По подолг период без прв човек, Полициската станица во Кочани наскоро треба да го добие новиот командир.

Испразнетото место досега беше пополнувано со вршители на должноста или со постојните полициски службеници на кои меѓу другите работни обврски им беа давани и раководни задачи.

Листата со кандидати за кои е дадена согласност од Министерството за внатрешни работи била испратена минатата недела, а според законските одредби општинскиот Совет изборот треба да го направи во рок од две недели. Токму затоа како прва точка на дневниот ред изборот на командирот ќе се најде на седницата закажана за в петок.

Официјално во игра за избор на нов командир се имињата на Горан Велковски чиј актуелен ангажман е во областа на сообраќајот, Драганчо Даневски кој извесен период ја извршуваше функцијата на в.д. командир, како и Јордан Стојанов, со ангажман во областа на превенцијата. Сите тројца се со подолг стаж во службата, при што во професионалната кариера извршувале неколку различни работни задачи.

Според образложението за кандидатите, тие ги исполнуваат условите што ги пропишува Министерството, односно имаат завршено соодветно високо образование и минимум 6 години работно искуство во полицијата.

Недостатокот од прв човек на полицијата во изминатиот период не влијаеше врз функционирањето на службата. Слична ситуација во Полициската станица имаше и пред три години кога тогашниот командир замина во пензија, а потоа неколку месеци се кршеа копјата околу изборот на нов, при што екс-министерката Јанкуловска еднаш дури ја повлече и листата на кандидати што ја испрати пред Советот на разгледување.

Пред да се најде пред советниците, листата со сегашните предлози ќе ја разгледува Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања, а откако ќе се изврши конечниот избор на командир, Советот на Општината има обврска за одлуката да го информира Министерството за внатрешни работи.

Кочанската Полициска станица не беше единствена во државата во која немаше избрано командир, а во јавноста немаше официијално образложение за тоа. Со доаѓањето на функција на новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков, една од работите што се менува е и изборот на нови раководни луѓе на локалните полициски станици.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 129 гости и нема членови


web counter



qr code