Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Zeleznicka stanica kocani1124.06.2015  Железничката станица во Кочани ќе остане во истата состојба и изглед како и до сега.

Министерството за транспорт и врски не ја вклучи во пакетот од 10 железнички објекти во државата кои ќе бидат целосно реновирани. За неа и останатите станици во источниот регион не се размислувало, затоа што прироритет добиле оние во централниот и западниот регион од државата.

Со владиниот проект ќе се реконструираат сите железнички станици на „Коридорот 10“. Се работи за инвестиција од 2,2 милиони евра со која се очекува во првата половина на 2016 година железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и во Неготино да дoбијат комплетно нов изглед и да бидат подостапни за сите граѓани кои го користат железничкиот сообраќај.

Со најавите за реконструкција се изоставени станиците во источниот регион, а ќе нема ниту реконструкција на железничката пруга до Велес со што би се овозможил побрз и побезбеден транспорт на патници и стока.

Кочанската железничка станица е изградена во средината на 20-те години од минатиот век. За помалку од 100 години од нејзиното постоење таа неколкупати доживеала помали интервенции, пред се за заштита на фасадата и кровната конструкција. Други поголеми реновирање не се правени, па таа денес е во очајна состојба. Патничкиот воз овде доаѓа и заминува еднаш во 24 часа, така што и бројот на патниците е драстично намален.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code