Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Goran velkovski komandir26.06.2015  Горан Велковски, инспектор за превенција во сообраќајот е избран за нов командир на Полициската станица во Кочани. Така одлучи мнозинството во Советот на Општината, прифаќајќи го претходно усвоениот предлог од Комисијата за мандатни прашања.

Со тоа по подолг период кочанската полиција ќе добие командир, откако во неколку наврати таквата функција ја извршуваа вработени полициски службеници, како вршители на должноста.

Изборот на нов командир беше прва точка на дневниот ред на 33 седница, при што опозициската советничка група остана воздржана. Причина за тоа е што новиот министер за внатрешни работи бил незаконски и неуставно поставен на функцијата, а предлозите што тој ги дал се сметаат за неважечки.

- Сите одлуки што ќе бидат донесени од негова страна, а одлуката за предлог-листа за командир е потпишана со неговото име и презиме, ќе бидат ништовни и ќе бидат поништени. Тоа значи дека нема да важат и ќе треба повторно да избираме командир на Полициската станица. Од тие проичини СДСМ и опозициската советничка група нема да гласа по првата точка за избор на командир, без да навлегуваме во капацитетите и способностите на предложените кандидати. Од листата која што можеме да ја видиме, можеме да согледаме дека сепак тоа се професионалци со подолг работен стаж во Полициската станица во Кочани, но нема да се впуштаме во дискусии и нема да гласаме по точката за избор на командир, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Имаше и забелешка што кандидатите за прв човек на полицијата не се подобро претставени пред членовите на Советот.

- Ниту пак се сега присутни овде за да можеме да размениме некој збор што би ни помогнало во одлуката што би требало да се донесе. Затоа апелирам во иднина ако има вакви избори, повторно, дали тоа ќе биде некој друг Совет или било како, да се повикуваат каднидатите за да може со нив да се размени некој збор, да се види кои се нивните идеи и на кој начин мислат да подобрат состојбата што ја имаме. Од причините што претходно ги образложи координаторот на опозициската советничка група, ќе бидам воздржан по ова прашање, рече Љупчо Стојилков, член на Советот на Општина Кочани.

За разлика од опозицијата, советниците од власта гласаа за предлогот за избор на нов полициски командир.

- Веќе подолго време нема командир на Полициската станица. Со оглед на тоа што треба веќе да добие командир ние како советничка група ќе гласаме, ќе се произнесеме по предлогот даден од самата Комисија. Со цел да се стави ред во станицата, затоа што в.д. имаме веќе подолго време како командир на оваа станица и редно е веќе станицата да добие команидр и да се зафати со работи што се во интерес на сите граѓани на општина Кочани, рече Спиро Ѓорѓиев, член на Советот на Општина Кочани.

Потоа се премина на гласање на предлогот и со 10 гласови “за“ Советот го избра новиот командир на Полициската станица. Горан Велковски е дипломиран правник, кој веќе 21 година е вработен во полицијата. Освен него како кандидати од страна на Министерството беа предложени и неговите повеќегодишни колеги Драганчо Даневски и Јордан Стојанов.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 132 гости и нема членови


web counter



qr code