Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

drvored ujp29.06.2015  Комуналното уредување на централното градско подрачје што како задача си го постави Локалната самоуправа придонесе и за сечење на дел од дрвјата што се нашле на местото каде се извршуваат работите. Поради тоа реакциите на граѓаните се сосема оправдани и покрај обидите да се разубави и доурбанизира изгледот на Кочани, односно на местото на стеблата да се постави цемент или асфалт.

Најавите дека ќе се шири паркинг просторот кај Централниот регистер, односно кај Управата за јавни приходи го вклучи црвеното светло за тревога поради постојниот дрворед таму, кој е потенцијален кандидат да се најде на удар на моторните пили.

Поради тоа дојдоа и неизбежните прашања до локалната власт дали повторно ќе удри по костените.

- Во јавноста се знае за градење на паркинг просторот пред УЈП, значи ќе има сечење на стари дрвја. До кога Кочани ќе го има проблемот со тоа да не се одржува нешто што со години сме го имале, дали тоа мора да биде решение што нема алтернатива, па тие дрвја да мора да бидат исечени, праша Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

- Јас конкретно ќе ве прашам, бидејќи официјално не сум запознаен и сигурен, дали ќе се сечат столетните дрвја во близина на УЈП? Бидејќи тие се еден од заштитните знаци на Кочани и со нивното сечење и отстранување ќе направиме уште една голема лузна на овој град која што потоа никогаш нема да може да се санира, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

Според градоначалникот Димитровски, Општината има формирано комисија составена од претставници од Локалната самоуправа, од КЈП “Водовод“ и од “Македонски шуми“, така што таа е стручна и одлучува дали, кои дрвја и кога треба да се исечат.

- Јас како градоначалник, не знам дали тоа ви е јасно, повеќе пати го повторувам, сум најголем поборник на сечење на дрвјата. Конкретно ќе ви кажам дека таму нема да има сечење на дрвја, освен само мислам на едно дрво, кое што не може да се заобиколи. Така што немојте да подлегнувате на некои шпекулации и балони, со кои некои сакаат вештачки да си придадат важност, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Балони и шпекулации или не, сепак факт е дека во последните година-две во градот се исечени поголем број стебла, што кај граѓаните отвора сомнеж дека тоа се прави без план и по случаен избор. Токму поради тоа граѓаните очекуваат дека во конкретниот случај, за проширување на паркинг просторот кај УЈП, и возачите ќе добијат нови места за своите возила, но и минувачите ќе си ги задржат сенките на повеќегодишните костени.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code