Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Atanas Stefanov ds29.06.2015  Младиот Атанас Стефанов е избран за нов претседател на општинската организација на Демократски сојуз на Кочани. Така решија присутните партиски членови на изборното собрание што се одржа викендот.

Стефанов е дипломиран правник-адвокат од Кочани и на функцијата во партијата доаѓа на местото на досегашниот прв човек Јоце Илиевски.

На седницата присуствуваше и Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз, кој пред присутните зборуваше за актуелната политичка состојба. При тоа тој нагласи дека Македонија е во длабока политичка криза која ја загрозува стабилноста на државата, економскиот развој и евроинтеграциските процеси.

Трајанов меѓу другото повика на разумно однесување и водење сметка за државните интереси, од сите партии, посебно од лидерите на партиите што се вклучени во преговорите за излез од кризата.

- Тие што ја генерираа кризата мораат да понесат политичка одговорност, посочи Трајанов пред присутните членови и симпатизери на Демократски сојуз.

T. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 133 гости и нема членови


web counter



qr code