Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Pat Teranci Vidoviste30.06.2015  Со асфалтирањето на последниот 1,5 километар од коловозот во завршна фаза влегува изградбата на патниот правец Видовиште – Теранци.

Градоначалниците на двете општини, Зрновци и Чешиново-Облешево низ кои минува делницата и ќе претставува директно поврзување за нив, дојдоа на лице место за да се уверат како тече изградбата. Нивна оценка е дека се работи за капитален објект што решава една од најголемите пречки во меѓусебната комуникација на жителите од овој регион.

Градоначалникот Личков рече дека од ЈП “Македонија пат“ чија градежна механизација работи на изградбата на патот, добиле ветување оти доасфалтирањето на последниата делница ќе се заврши во максимално краток период.

- Во текот на вчерашниот ден започна со асфалтирањето на регионалниот пат што ги поврзува населените места Видовиште и Теранци. Се работи интензивно и се надеваме до крајот на неделата да заврши овој потег со должина од 1.500 метри. Со ова ќе решиме еден голем проблем што со децении наназад го имаме со општина Зрновци, значи ќе имаме директно поврзување. Ако треба од Видовиште да се стигне до Облешево или до други градови сега ќе се скрати должина од 20 километри, со тоа што продолжуваме со изградбата на овој пат до село Кучичино и понатаму, во наредните години, поврзување со општина Карбинци, поточно од село Бурилчево до Аргулица, рече Костадин Личков, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.

Освен скратувањето на должината на патување до Штип и Скопје, жителите на општина Зрновци привремено ќе добијат и алтернативна сообраќајна врска поради проблемите што ги имаат со оштетувањата на мостот на Брегалница на делницата кон Грдовци.

- Ова е историски ден за нас, овој проект беше еден од најпосакуваните, 50-тина години граѓаните од овие населени места бараа оваа делница да биде изградена и еве конечно се завршува и навистина се скратува за десетици километри излегувањето на магистралниот пат Кочани – Штип. Со изградбата на овој пат јас лично сметам дека ќе дојде и до поголем економски развој на општина Зрновци и општина Чешиново-Облешево, рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

За следната година е предвидено да се изгради делницата од Теранци до Кучичино, а во 2017 година и последните километри меѓу Бурилчево и Аргулица, со што целосно ќе се добие нов регионален патен правец од Виница до Штип. Целосната должина на новоизградената и асфалтирана делница изнесува околу 2,5 километри за што од ЈП за државни патишта беа обезбедени околу 24 милиони денари.

Според најавите до 2017 година планирано е да се изгради и асфалтира земјениот коловоз во должина од 10,6 километри, за што ќе се потрошат уште околу 35 милиони денари.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 154 гости и нема членови


web counter



qr code