Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

petrovdenski konaci 201502.07.2015  Со настапот на подмладениот состав на светски познатиот “Кочани оркестар“ на летната сцена на ЦК “Бели мугри“ започна 9-то издание на културната манифестација “Петровденски конаци“.

На отворањето беше речено дека успешно продолжува традицијата во текот на летниот период и тоа токму пред празникот на градот да се организираат повеќе содржини како културно освежување за кочанци.

Концертот насловен “Музиката – мојата животна приказна“ со кој всушност и започнаа “Петровденските конаци“ беше посветен на основачот и ракводителот на ансамблот Наат Велиот – Кинг, кој од оправдани причини не присуствуваше на отворањето на манифестацијата. Вистинско уживање за публиката приредија младите членови на оркестарот, кои исполнија повеќе музички нумери и песни, чиј автор е токму Велиов.

- На нас ни е многу тешко што мајсторот, нашиот ракводител не присуствуваше поради здравствени причини. Репертоарот беше на Кинг Неат Велиов, нашиот раководител, мислам дека и народот се воодушеви од нашиот репертоар, него го свириме и во Европа и во целиот свет. Скоро сите членови се нови, освен јас и мојот раковoдител и татко, Неат Велиов. Другите сите се нови членови, сите се млади, рече Орхан Велиов, член на “Кочани оркестар“.

Носител на манифестацијата “Петровденски конаци“ е Центарот за култура “Бели мугри“, поради што најголемиот дел од содржините се случуваат во него или во непосредна близина. Програмата и годинава е разновидна и организаторите очекуваат дека со неа ќе го привлечат вниманието на публиката.

- Кога ја создававме програмата поаѓавме од тоа на некој начин да допреме до различните вкусови на граѓаните за да можат и тие да уживаат во деновите што претстојат до Петровден. Се надеваме дека во наредните денови времето ќе не послужи и да имаат граѓаните можност да излезат и да уживаат во она што ние ќе го понудиме на увид, рече Коце Стојменов, директор на ЦК “Бели мугри“.

До 12 јули, кога е завршниот дел од манифестацијата граѓаните ќе имаат можност да видат две изложби на карикатури и на дела создадени на ликовниот перфорамнс, промоција на книги од авторите Виолета Танчева Златева и Доне Донев, потоа Балканската поетска вечер, како и фолклорен концерт, улична забава и влашкиот етно-фестивал “На Петровден сите на планина“. Завршницата е на 12 јули со концерт на забавна музика на кој ќе настапат Некст тајм, Тони Зен и кочанската рок група Шекспир.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 288 гости и нема членови


web counter



qr code