Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Vlez Kocani03.07.2015  Местото каде што се двои магистралниот пат А-3 од локалниот пат Штип – Кочани, на потегот кај Подлог, со години чека соодветно уредување и сообраќајно обележување за да можат посетителите да се информираат во кој град се влегува или поминува.

Сообраќајницата на влезот во Кочани од чија лева страна се протега дел од новата индустриска зона и не дава некој посебен впечаток или едноставно кажано, воопшто не кореспондира со имиџот што го гради или настојува да го зачува Кочани – еден од најчистите градови во државава, градот познат по зеленилото и среденото корито на Кочанска Река. 

Од пред извесно време недостасува дури и таблата со името на градот од патоказот кој покажува дека треба да свртите десно за да влезете во Кочани.

Дали од влијанието на природните услови, односно ветер и дотраеност на кoнструкцијата или пак поради човечкиот фактор, останале само двете столпчиња што ја држеле таблата. Затоа неопходно е поставување нова.

Несреден и неосветлен терен, обраснат со сува и висока вегетација е официјалниот влез во Кочани. Неретко, по некое купче отпад и лош локален асфалт. И така е со години. Додуша, по само два километри, на кружниот тек кај „Национал“ сликата донекаде се подобрува, но може ли тоа кај гостите или минувачите да го смени првиот впечаток  за градот на оризот? 

Потребата од преуредување на овој простор се наметнува веќе подолг период. Особено ако се има предвид дека стопанскиот сектор со локации во овој предел на Кочани има високи претензии за надворешната естетика на објектите, како дел од вкупниот впечаток на работењето. Не треба да се заборави и на можноста за соработка на бизнис-секторот со локалните власти во решавањето на состојбите од јавен интерес.  

Ќе има ли шанса во секој поглед Кочани да се споредува со регионалните центри од Истокот, кон кои претендира, ќе покаже времето. Простор за работа, има. Новинарски, потсетуваме само на една од можностите за подобрување. На уредувањето на влезот во градот. Зашто никогаш нема втора шанса за прв впечаток. 

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 146 гости и нема членови


web counter



qr code