Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Pomos Semejstva07.07.2015  Постарите партнери, кај кои барем едниот е на возраст од над 40 години, доколку се одлучат да склучат законски брак имаат можност да добијат парична помош од Локалната самоуправа во висина од 500 евра. Со тоа и Кочани се придружува кон другите општини во државата кои обезбедуваат финансиска и друг вид поддршка за подобрување на наталитетот.

Таквата одлука не е новина во Македонија, а е резултат на напорите да се зголеми бројот на склучените бракови што може да влијае врз пораст на бројот на новорoдeнчиња во општината.

Според градоначалникот Димитровски, не постојат пречки заинтересираните партнери да се јават во Општината и да ја добијат финансиската поддршка за старт на заедничкиот живот.

- За нашите сограѓани кои склучуваат брак и се на возраст над 40 години едностави се условите, треба да бидат жители на општина Кочани и едниот од брачните другари да е постар од 40 години. Засега немаме пријавено ниту еден наш сограѓанин, но очекуваме дека после ова ќе се јават и ќе ја користат оваа парична социјална помош, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Поддршката за брак на постарите партнери е една од мерките за подобрување на наталитетот. Другата мерка е доделувањето т.н. бебешки пакет за новородени од социјално загрозени семејства.

Се работи за нова, еднократна помош за новороденчиња која им се дава најдоцна 3 месеци по раѓањето и важи за секое новородено дете од ранливите групи. Одлуките за доделување помош им беа врачени на три семејства од Кочани.

- Доделени се трите решенија за давање стоки во вредност од 2.000 денари за новороденче за 3 наши семесјтва во општината Кочани и ова е новина со која се стимулираат социјалните случаи, социјално загорзените наши сограѓани за да им се помогне колку-толку со еден износ за отпочнување на новото нивно семејство, додава Димитровски.

Задоволни од одлуката да им се помогне околу трошоците за новороденчињата се и родителите.

- Благодарам на градоначалникот што ми помогна, имам две деца, имаме едно машко и едно женско, сега се е доволно, за понатаму ќе видиме, рече Биљул Алимов, родител.

Помошта за новороденчињата во семејства од ранливите категории е предвидена со Програмата за социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2015 година. Деталите и начинот на доделување се дефинирани со Правилник донесен од страна на градоначалникот на Општината.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 7 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 158 гости и нема членови


web counter



qr code