Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo03.06.2013 Двата кочански претставника во женската фудбалска лига со победи ја завршија сезоната. Викендов се одигра последното 18 коло.

„Иднина С“ очекувано дојде до гостинска победа од 2.0 против аутсајдерот „Речица“, со што стави точка на успешната сезона додека ЖФК „Кочани“ кој играше променливо, претежно бележејќи слаби резултати ја почести малубројната публика на „Никола Мантов“ против Топ Гол со ревија голови, доаѓајќи до победа од 5:3.

Нов владетел во македонскиот женски фудбал е екипата на „Билјанини извори“ од Охрид.

Со ремито од 3:3 во Берово против „Малеш“ и „Осогово“ го заврши настапот во Третата фудбалска лига. Иако беше есенски шампион , а сезоната ја стартуваше со амбиција повторно да е врати во второлигашкото друштво, во пролетниот дел нештата добија непосакуван тек.

Кочанските жолто - сини поради проблеми внатре, но и под притисок на надворешни фактори беше принуден предвреме да се помири со статусот на третолигаш.

Натпреварот Чешиново“ – „Рудар“ не се одигра оти гостите од Пробиштип не допатуваа. Останати резултати од последното 34 коло: Зрновка“ – „Плачковица“ 3:3, Василево“ – „АГРОС Грдовци“ 2:2, „ „Тиверија“ – „Слога 1934“ 5:3, „Работник“ – Каменица Саса“ 2:0, „Тркања“ – „Астибо“ 1:3 и „Беласица“ – „Карбинци“ 9:0.

Првото место во лигата го освои Тиверија“ со 90 бода, пред „Василево“ со 82, додека „Осогово“ заврши како трет со 76 бода.

4. „Беласица“ 72 5. „Плачковица“ 60 6. Чешиново“ 51; 7. „Каменица Саса“ 49 8. „Работник“ 47 9.„АГРОС Грдовци“ 43; 10. „Слога 1934“ 42; 11. „Рудар“ 38;   12. „Зрновка“ 33.

Г. Лалов

Сподели

fudbal zeniosogovo2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code