Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

granica tabanovce14.07.2015  Неуспешен бил обидот на 48-годишнот Н.А. од Кочани да ја напушти родната земја на пат кон Србија.

Во неделата на полноќ тој бил уапсен на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница. При обидот да ја напушти територијата на нашата држава тој приложил соодветна патна исправа.

Сепак, при рутинската проверка на документите граничната полиција утврдила дека за него е доставена телеграма во која им се наложува на граничните органи да го лишат од слобода.

Причината за тоа е што полицијата имала известување дека се работи за сторител на кривично дело “тешка кражба“ за што претходно била завршена и судската постапка и е донесена пресуда. Според евиденцијата на полициските органи, кочанецот бил осуден на казна затвор од шест месеци и истата веќе требало да почне да ја издржува.

По три ипол часа откако бил потврден неговиот идентитет, лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/12°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 222 гости и нема членови


web counter



qr code