13.07.2015 Во Кочани е отворен првиот и единствен МедиСпа центар во Македонија, „Виталити“ центарот е лоциран во новиот станбено-деловен комплекс на улицата „Никола Карев“ бр.1 на вториот кат. Салонот своето свечено отворање го имаше минатиот викенд во присуство на деловни партнери, пријатели и други гости.
- По долги пoдготовки свечено го отвораме МедиСпа центарот „Виталити“. МедиСпа концептот е нешто ново за ова поднебје. Во САД и Канада е многу популарен, па решивме и овде да направиме еден МедиСпа центар кој ќе ги понуди истите третмани што ги имаат и холивудските ѕвезди. Морам да напоменам дека ова немаше да биде изведено без соработка со нашите партнери од Америка, кои ни искажаа неизмерна поддршка во изведувањето на овој проект и следејќи ги нивните иксуства успаевме да го направиме ова што го имаме овде денес-рече Сашко Андонов од МедиСпа центарот „Виталити“.
Следејќи ги најновите научни достигнувања и нивната имплементација во медицинската и естетска козметологија, МедиСпа центарот „Виталити“ во Кочани овозможува примена на најсовремени светски медицински и естетски третмани. Портфолиото на услуги е импресивно.
-Значи имаме третмани за тело и лице, но исто така и за релаксација. Ги користиме најсовремените апарати што постојат во медицинско-естетскиот свет и се употребуваат третмани и процедури како во најсовремените светски медицински центри за естетика, посочи
За исклучително широкиот спактар на третмани и услуги на „Виталити“ МедиСпа центарот во Кочани клиентите можат да се информираат на веб страницата vitality .mk, да остварат контакт преку електронсксата адресa medispа@vitality.mk или на теlефонскиот број 078 270 700.
Г.Лалов