Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

policija2216.07.2015  Нов случај на исчезнато лице е пријавено во Кочани. Се работи за 15-годишно девојче кое пред три дена излегло од дома и не се вратило.

Загрижената мајка, 34-годишната Т.А., отишла во полиција и го пријавила случајот.

Од МВР велат дека во Полициската станица Кочани е регистрирана пријава дека на 13. јули, околу 3 часот по полноќ, од дома во непознат правец се оддалечила 15-годишната ќерка на жената.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

 

Инаку, во текот на изминатите 12 месеци ова е четврти случај на пријавено исчезнато лице во Полициската станица - Кочани. Претходно, во февруари, во полицијата имаше пријава за исчезната 54-годишна жена од Чифлик, а на една недела пред Нова Година слична пријава беше доставена за 27-годишна жена од Кочани. Неколку месеци претходно пак, 39-годишен маж истот така беше пријавен за исчезнат, а подоцна беше пронајден удавен во каналот од хидросистемиот “Брегалница“ кај селото Жиганци.

Според анализите од Секторот за внатрешни работи од Штип, во Источниот регион во текот на оваа година биле пријавени вкупно 31 лице, од кои 24 се жени. Најголем број од исчезнатите се од Штип – вкупно 17, а ниту една пријава за иссчезнување лани не била поднесена во Виница. Од исчезнатите досега се пронајдени 20 лица, од кои дел беа починати.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 143 гости и нема членови


web counter



qr code