21.07.2015 В сабота, на 25 јули, на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, концерт ќе одржи популарниот македонски метал-бенд „Хроматик поинт“.
Тој се најавува како ново музичко освежување за кочанскиот аудиториум во текот на овие топли денови.
Музиката што ја создава „Хроматик поинт“ претставува несекојдневен спој на енергичен метал и традиционални македонски фолк-елементи, а ја истакнува инструменталистичката и импровизирачката способност на четворицата млади музичари.
Меѓу нив е и младиот кочански гитарист Стефан Миладинов.
Концертот на „Хроматик поинт“ е содржина од манифестацијата „Топол кулутрен бран - 2015“ поддржана од Општина Кочани и од Министерството за култура на Република Македонија.