05.08.2013 ПСД „Осогово“ за Илинденските празници организираше искачување на највисокиот врв на Балканот, Мусала во Р. Бугарија на 2925 метри надморска височина.
Акцијата беше од меѓународен карактер.
На Мусала се искачија 20 членови на ПСД „Осогово“. Искачувањето воедно се вклопи и со прославата на денот на планината Рила, кој традиционално се одбележува на 3 и 4 август.
Акцијата беше организирана беспрекорно од страна на ПСД „Осогово“. Кочанските планинари велат дека настанот бил организиран добро и од страна на домаќините.
Патеката била стрмна каменеста, но глетката од Мусала била фасцинантна. Оттаму можеле да се видат сите глацијални Рилски езера и другите планини наоколу со високите врвови. На самиот врв било организирано и македонско катче, идеја која наишла на добар прием од нивните колеги од балканските земји и пошироко кои ги имало во голем број.
Искачувањето на Мусала е најголемата меѓународна активност на ПСД „Осогово“ во тековната година.
Г.Лалов