Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stadion nikola mantov06.08.2015  Штипскиот прволигаш “Брегалница“ нема да може да го користи стадионот “Никола Мантов“ во Кочани како домашен терен во првото коло од новото првенство.

Главна причина за тоа е што не биле отстранети недостатоците на објектот што биле претходно констатирани, а што битно влијаат за нормално одржување на спортски натпревари од ранг на првата лига.

Во вторникот двајца претставници од ФФМ дошле во ненајавена посета на стадионот во Кочани за да направата контрола дали тој ги исполнува условите пред почетокот на првенството закажано за претстојниот викенд.

Забелешки биле упатени што теренот имал нерамнини, а местата каде што недостасувала трева биле исполнети со песок. Исто така, и стативите на головите не биле свежо обоени.

Негативни оценки имало и за пасивната безбедност на стадионот затоа што вратите за евакуација на гледачите на западната трибина не биле обоени во жолто, а на источната трибина не била поставена заштитна ограда, ниту пак имало посебни скали за евакуација.

Недостатоци се регистрирани и во подтрибинскиот дел, каде се наоѓаат соблекувалните и службените простории. Во ходникот и во самите соблекувални не биле поставени керамички плочки, а немало ниту поединечни шкафови за секој од играчите. При контролата претставниците од ФФМ утврдиле и дека не се заменети и санитарните уреди и опрема во соблекувалните.

Сите овие забелешки ги навеле одговорните во Федерацијата да го одложат одигрувањето на првото коло, што штипска “Брегалница“ како домаќин требаше да го има во Кочани против екипата на “Работнички“ од Скопје.

Управниот одбор и луѓето од ФК “Осогово“, на кои им е даден на користење стадионот “Никола Мантов“, имаат рок до третото коло од првенството во првата македонска фудбалска лига, односно до крајот на август да ги отстранат сите недостатоци. Во спротивно и дефинитивно ќе биде донесена одлука штипјани наместо во Кочани во текот на целото првенство да бидат домаќини на друг терен.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 750 гости и нема членови


web counter



qr code