Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Urbanisticki Planovi10.08.2015  И граѓаните ќе можат да се вклучат во креирањето на урбанистичкото уредување на локациите за кои имаат идеи како да изгледаат во иднина.

За таа цела Општина Кочани упати јавен повик до сите заинтересирани да достават иницијативи за изработка на урбанистички планови. Освен граѓаните - поединци, во давањето предлози можат да се вклучат и правните лица.

Во текот на јавниот повик, секое заинтересирано физичко и правно лице може да достави иницијатива за изработка и донесување на детален урбанистички план, урбанистички план за село, како и урбанистички план за локалитет надвор од населено место. Тоа може да се направи преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на кочанската Локална самоуправа.

Како што е нагласено во јавниот повик, предмет на иницијативата може да биде донесување комплетно нов или пак дополнување и измена на веќе постоечки урбанистички план. За доставените иницијативи сите подносители ќе бидат поодделно известени преку електронскиот информационен систем или во писмена форма. Доколку некоја од инцијативите од граѓаните или од правните лица се прифати, тогаш средствата за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат самите подносители.

Јавниот повик за поднесување граѓански инцијативи за урбанистички планови започна да тече од крајот на минатата недела и ќе трае до 7 септември.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 77 гости и нема членови


web counter



qr code