Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ekspresen Pat istrazuvanje pocva11.08.2015  Работници и машини за длабинско дупчење на земјата на повеќе локации започнаа со земањето примероци од почвата за да се направи испитување на нејзината структура. Со тоа стартуваа истражните работи на трасата каде што треба да поминува новиот експресен пат од Штип до Кочани.

Дупчењето на земјиштето се врши на локации во општина Чешиново-Облешево, со оглед што најголем дел од делницата катастарски се наоѓа на нејзина територија.

Според проектот, должината на патот ќе изнесува 26 километри, а планираната сума за изградба е околу 53,5 милиони евра.

Првичнита замисла беше експресниот пат да се прави со надградба на постојната делница меѓу двата града, односно со додавање по уште една коловозна лента. Сепак, таа беше отфрлена откако во јавноста се крена прашина поради тоа што во населените места низ кои таа сега поминува ќе се создадат т.н. тесни грла. Затоа беше направена нова варијанта со поместување на трасата кон север, односно на работ од Кочанската Котлина, за што потврда дојде и од поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

- Ќе има сосема нова траса што почнува откај Три Чешми, ќе има крак што ќе води кон Пробиштип со клучка и се завршува во Кочани. Значи, нема да биде испресечен патот. Ако одевме со проширување на стариот пат ќе имаше доста клучки кои треба да влегуваат во населените места. Секако, ќе требаше да се реконструира и целото наводнување и одводнување на оризовите полиња што гравитираат кон постојниот патен правец. Затоа решивме, и кога ги ставивме финансиските показатели, без оглед што малце е поскапа реализацијата на нов пат, како што кажавме, ќе одиме со тоа, рече Љупчо Георгиевски, поранешен директор на ЈП за државни патишта.

Според најавите изградбата на патот треба да започне до крајот на годината, за што подготвителните работи се започнати. Изработката на проектната документација била во завршна фаза, по што ќе следува распишување јавен тендер за избор на изведувач на работите.

Средствата за изградбата на експресниот пат Штип-Кочани се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 222 гости и нема членови


web counter



qr code