13.08.2015 Претстојниот викенд Виница ќе биде домаќин на Балканскиот шампионат во одбојка на плажа.
Се работи за до сега најмасовно првенство од овој ранг со учество на репрезентации од скоро сите балкански земји.Екипите ќе се натпреваруваат во машка и женска конкуренција, во спорт што се смета за еден од најатрактивните.
Натпреварите ќе се играат на псоебно пдоготвени терени со песок, на платото пред Локалната самоуправа, па тоа беше повод, домаќинот, Општина Виница да организира прес-конференција.
- Според моите информации, до сега најмасовен шампионат, ќе учествуваат 9 држави од Балканот, освен Албанија. Се на се, виничани овие три дена ќе имаат можност да го следат еден од најатрактивните спортови, одбојка на плажа. Ќе биде во машка и женска конкуренција до 22 години. Покана до сите љубители на спортот, на одбојката, овие три дена да бидат гости на Општина Виница и заедно да присуствуваме на прекрасните моменти, рече Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.
Техничките детали околу одржувањето на Балканскиот шампионат во одбојка на плажа ги изнесоа од Одбојкарската федерација на Македонија. Притоа беше речено дека до сега нашѓата држава се покажала како добар домаќин и организатор, поради што повторно ни е дадена довербата да го организираме шампионататот.
- Вкупно во машка конкуренција ќе имаме 14, а во женска конкуренција 10 екипи. Она што е позначајно е дека Балканската одбојкарска асоцијација има голема доверба во Одбојкарската федерација на Македонија и воопшто во градовите каде што ги организираме овие шампионати, бидејќи веќе во оваа категорија и во повозрасните категории се докажавме со организација на претходно организираните турнири, во Штип двапати, во Струмица и во Скопје по еднаш и еве конечно дојдовме и во Виница, рече Мирко Трајков од Одбојкарската федерација на Македонија.
Минатата година Виница беше домаќин на Младинското балканско првенство во одбојка. Целта на Федерацијата е популаризирање и заживување на одбојката во источниот регион.
Т. Ајтовски