Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

delikates zgrada18.08.2015  Сакаме да потенцираме за неколку состојби во односите помеѓу групацијата „Деликатес“ и Локалната самоуправа на Општина Кочани.

Имено, групацијата „Деликатес“ од 2009 година до денес има изградено и отпочнато со градба над 17 илјади метри квадратни станбен и деловен простор во вкупна вредност од над 10 милиони евра со што е најголем поединечен инвеститор во општина Кочани.

За реализација на градбите во буџетот на Општина Кочани, по основ на надомест за уредување на градежно земјиште или попознато како комуналии имаме платено како што следува:

1. Објект на улица „Маршал Тито“ бр. 11 на КП 12024/1 (поранешна “Мадера“) платени комуналии - 980.000 денари, а потрошено од Општина Кочани - 0 денари.

2. Објект на крак на “Маршал Тито“ на КП 12024/2 (поранешна “Мадера“) платени комуналии - 506.377 денари, а потрошено од Општина Кочани - 0 денари.

3. Објект на улица „Скопска“ бр. 1 на КП 13080 платени комуналии - 2.139.347 денари, а потрошено од Општина Кочани - 0 денари.

4. Објект на улица “Вера Которка“ на КП 15382/1 (Монополски бавчи) платени комуналии - 1.657.341 денари, а потрошено од Општина Кочани - 0 денари.

5. Објект на улица “Вера Которка“ на КП 15383/1 (Монополски бавчи) платени комуналии - 1.569.556 денари, а потрошено од Општина Кочани - 0 денари.

6. Објект на улица „1 Мај“ на КП 15875/4 (населба Валог) платени комуналии - 580.633 денари, а потрошено од Општина Кочани - 0 денари.

7. Објект на улица „1 Мај“ на КП 15875/5 (населба Валог) платени комуналии - 682.262 денари, а потрошено од Општина Кочани - 0 денари.

8. Објект на улица „Ленинова“ на КП 13276 платени комуналии - 5.301.893 денари, а потрошено од Општина Кочани - 0 денари.

9. Објект на улица „Маршал Тито“ бр.97 на КП 13272 платени комуналии - 9.380.938 денари, а потрошено од Општина Кочани - 0 денари.

10. Објект во изградба на улица „Ленинова“ на КП 13274 (“Чеплен“) платени комуналии - 5.333.724 денари, а потрошено од Општина Кочани - 0 денари.

11.Објект во изградба на улица „Иван Иванов Балашо“ на КП 1159 (Касарски Круг) платени комуналии - 3.560.636 денари, а потрошено од Општина Кочани - 0 денари.  

За сите погоре наведени објекти, групацијата „Деликатес“  има платено комуналии во вкупна вредност од  31.692.707 денари или околу 520.000 евра, а за возврат од страна на Општина Кочани нема вложено ниту едно евро. Покрај овие приходи од комуналии, во вкупната вредност на инвестициите од над 10.000.000 евра, е содржано ДДВ од над 900.000 евра и над 80.000 евра данок на промет од деловни простори, а до скоро Општина Кочани наплатуваше и данок на промет од 3% од нашите купувачи на новоизградени станови, што е надвор од законот.

Како резиме, приходите во Општина Кочани од нас како инвеститори се: 520.000 евра од комуналии, 900.000 евра по основ на ДДВ, 80.000 евра по основ на данок на промет, односно вкупно  1.500.000 евра.      

Во сите договори за уредување на градежно земјиште, се предвидени обврските на Општина Кочани кои треба да ги заврши од нејзина страна. Посебно го потенцираме проблемот со неасфалтирање на крак од улицата “Вера Которка“, а Договорот за уредување на градежно земјиште е склучен уште во 2010 година и платени комуналии 2010 година, кои се наменски за тој објект,а работите никако да отпочнат.

Вториот момент на кој сакаме да се осврнеме е уредувањето на градежното земјиште во централниот дел на градот, помеѓу улиците „Ленинова“ и „Маршал Тито“ (зад Пошта).

Инвеститорот има изградено објекти за кои има добиено имотни листови и над 90% од становите и деловните простории се веќе вселени. Станарите кои имаат купено паркинг простори, но истите не можат да ги користат поради тоа што од страна на Општина Кочани не е изградена никаква инфраструктура (иако инвеститорот платил за тоа), ниту пак пристапни улици. Сообраќајниот метеж во градот се должи токму од индолентноста на раководните луѓе во Општината на чело со градоначалникот, а не се должи од објектите изградени од нашата групација како инвеститор.

Со ова соопштение сакаме само да ја информираме  јавноста на односот на Локалната самоуправа спрема најголемиот домашен инвеститор во овој сегмент. Истовремено сакаме јавно да им се извиниме на нашите купувачи дека одредени работи не се во наша моќ. Спремни сме на нашите купувачи да им понудиме секаква правна помош за остварување на нивните права, во однос на било какви правни лекови во односите со Локалната самоуправа.

Групација “Деликатес“ - Кочани

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

 |700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 155 гости и нема членови


web counter



qr code