Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

komarci03.06.2013 Само Чешиново - Облешево од микрорегионот влезе во владиниот план како приоритетна локација за прскање против комарци. Освен оваа Општина, овде се и Берово Ресен, Крушево, Охрид, Дојран. Забележливо е дека на приоритетната листа се ставени претежно туристичките места, а од останатите влегле само оние каде состојбата со комарците е алармантна.

-Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство, поради зачестените климатски промени и топлотните бранови кои ја зафатија Република Македонија утврдија шест приоритетни локации за прскање против возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) и терестрична апликација на средство за уништување на ларви од комарци на стоечки водени површини (ларвицидна дезинсекција). 

Локациите се утврдени според нивото на посетеност за време туристичката сезона, и тоа - Охрид, Дојран, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново - Облешево.

Дезинсекцијата ќе биде извршена на вкупна површина од 6.000 хектари по воздушен и земен пат. Првото прскање ќе биде спроведено во месец јули 2013 година.

Со цел имплементација на овие активности, започната е постапка за набавка на услуги за уништување на возрасни комарци по чиешто завршување Министерството за транспорт и врски ќе склучи договор со економски оператор со најповолна понуда за извршување на услугите. 

Г. Лалов

Сподели

komarci1komarci2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 49 гости и нема членови


web counter



qr code