Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Amici403.09.2015  По повод 10-годишнината од постоењето на јазичниот центар “Амичи“ на скормна свеченост беа предадени во употреба новите работни простории. Станува збор за современо и функционално уреден простор што соодветно одговара на потребите за едукација и дневен престој на најмладите посетители.

Новите простории се сместени во новоизградената зграда во близина на досегашната локација на Центарот и овозможуваат проширување на активностите и услугите што се нудат.

Се работи за докомплетирање на детскиот едукативен центар “Амичи кидс“ во кој се воведуваат новитети за најмладите посетители со кои ќе се работи на физичкиот и психичкиот развој.

- Сега имаме две детски простории во кои дечињата ќе можат да ги одвиваат своите активности. Продолжуваме со курсевите по креативност за фин моторен развој на дечињата, исто така продолжуваме со курсот за логички игри и броеви за когнитивен развој кај дечињата. Како новитет воведовме физички вежби и модерни танци, односно музикотерапија на која дечињата ќе можат да ја развиваат рамнотежата на телото, координација, акомодација на очите и така натаму, рече Тодорка Таковска од јазичниот центар “Амичи“.

Освен на физичкиот равој, со дечињата во “Амичи“ ќе се работи и на нивниот психички развој, како и изучувањето англиски јазик. За таа цел ќе се искористат новите простории во кои децата ќе добијат целодневно згрижување.

- Од оваа година започнуваме и со англиски дневен центар за прво и второ одделение, што подразбира згрижување на дечињата пред и после училиште, со тоа што овде децата ќе имаат интензивен курс по англиски јазик, односно целата настава ќе се одвива на англиски. Пишувањето домашно и активностите што се однесуваат на училиштето ќе бидат на македонски јазик, за подобро да се изреализираат. Ќе имаат појадок и ручек и ужинка после училиште, додава Таковска.

Јазичниот центар “Амичи“ како и до сега, ќе продолжи со организирањето курсеви за деца од предучилишна возраст и за деца од прво до деветто одделение, курсеви за средношколци, како и интензивни курсеви за возрасни за изучување странски јазици. Заинтересираноте граѓани имаат можност овде да научат англиски, германски, италијански, француски и шпански јазик.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 7 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 166 гости и нема членови


web counter



qr code