Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

aikido sobir09.09.2015  Членовите и раководството на аикидо клубот “Нико“ од Кочани не се откажуваат од намерата да продолжат со работа и тренинзи, без оглед што се соочија со затворање на вратите на спортската сала во ОУ “Никола Карев“.

Таков став изнесоа на договорниот состанок што токму на 8 септември напладне се одржа во дворот на училиштето, а на кој се собраа самоиницијативно за, како што рекоа, да го разгледаат проблемот што може да го згасне клубот.

Граѓаните кои повеќе од една година тренираат аикидо или посетуваат часови по кардио фитнес сметаат дека некој со за нив непозната намера им го наметнал проблемот, па освен тие и најмладите членови на клубот се оставени на улица.

- Јас сметам дека треба да најдеме некакво решение затоа што дечињата не смееме да ги оставиме на цедило, млади деца, само што почнуваат, афирмација имаат добра благодарение на тренерот, така што сметам дека треба да се најде некое решение... Мислам дека не е фер, особено за спорт што го немаше во Кочани и со голем број членови, мислам дека во интерес на граѓаните е направена салата, за користење од страна на граѓаните. Така што мислам дека децата, еве и мојата ќерка е многу разочарана, велат граѓаните.

Во официјалното писмено известување што на последниот тренинг во петокот стигнало до раководството на аикидо клубот било побарано од почетокот на оваа недела да ги соберат реквизитите и да ги ослободат термините за вежбање. Салата ќе се користела за потребите на други колективни клубови што наскоро ќе се формирале.

Во “Нико“ реагираат што наместо продолжување на договорот за користење на салата, добиле “шут карта“ со која се најдоа на улица. Очекуваат првиот човек на Општината да помогне во решавањето на проблемот, а нанесената неправда ќе ја тераат и на суд.

- Ние ќе ја поведеме судската постапка и ќе ја тераме до крај, секако ќе ја добиеме, и оштета ќе бараме, како и нашите членови. Меѓутоа, проблемот е што нашите членови за тоа време додека трае рочиштето ќе бидат надвор, ќе нема да вежбаат. Греота е затоа што во Кочани почнаа да се враќаат луѓето по салите, се наполнија салите, можете да видите од сите слики по фејсбук и насекаде каде што се збори по градот. Има толку многу капацитет спортски во Кочани што е греота, згаснува, остануваат децата на средина со зелени појаси, за кратко време можат да стигнат до црни, рече Николчо Гоцев, тренер во аикидо клубот “Нико“.

Гоцев смета дека неправедно е спортистите да останат на улица токму во моментот кога клубот започнал нормално да се развива и во него биле активни или се уште тренираат над 400 членови. Тој нема ништо против да се развиваат и други спортови во градот, за да можат младите да се активираат и да се отргнат од современите пороци.

- Отвораат клубови, тоа е позитивно, за поздрав, нека собираат деца, ама да не плукаме по старото, да не ги затвораме старите, затоа што Кочани има капацитет спортски да се здружиме, да го продложиме. Вака, и тоа што го има и тоа ќе замре, додава Гоцев.

Во меѓувреме луѓето од клубот успеале да го информираат градоначалникот Димитровски за состојбата во која се нашле, па дури неофицијално добиле и поддршка клубот да продолжи со работа во истата сала.

Од “Нико“ велат дека сега на потег е раководството на ОУ “Никола Карев“ кое треба да го продолжи договорот за користење на салата, со термини за нормално одржување на тренинзите.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 292 гости и нема членови


web counter



qr code