Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

hram sveti kliment514.09.2015  На денот на положувањето на Појас на Пресвета Богородица и Свети Кипријан Картагински,  митрополитот брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Кочани, а во присуство на голем број верници го освети новоизградениот храм посветен на патронот на МПЦ–ОА Св. Климент Охридски, кај Пониква, ктиторско дело на Благој Ситновски со неговото семејството. Со осветувањето беше одбележан и 70-годишниот јубилеј од одржувањето на првиот црковно-народен собор во март 1945 година во Скопје.

По осветувањето, митрополитот брегалнички г. Иларион, отслужи Света архиерејска литургија и одржа содржајна пригодна беседа во која рече дека овој храм ќе сведочи за нашето постоење и ќе биде впишан во редот на многуте храмови изградени во слава на Бога од почетокот на светот до денес. Меѓу другото, надлежниот митрополит рече дека во овој храм ќе се случуваат многу молитословија, ќе се исполнат многу молитви упатени кон Бог за здравје и спасение на сиот род, ќе се случуваат многу венчавки, крштевки за слава на Бога.

- Најнапред, слава и благодарност на Бога за милоста Негова што посака на ова место да се изгради храм посветен на Св. Климент Охридски Чудотворец, патрон на нашата света Македонска Православна Црква. Овој храм, пред се ќе значи сведоштво за православните коишто живеат во ова место, осветување на сите луѓе коишто поминуваат по овој пат, благослов на сите луѓе, но исто така и преобразување на сите луѓе кон вечноста, кон Царството Небесно. Покрај сите тие духовни вредности и бисери, овој храм ќе биде и украс на оваа прекрасна планинска убавина која што Бог ја создал, а еве сега и преку ктиторот наш, Бог го прими овој храм како најголем дар и убавина на оваа древна и прекрасна планина да го краси овој крај. Господ посака од рацете на нашиот ктитор господин Благој Ситновски со неговото семејство да се изгради овој храм и да го прими од нивните раце за здравје и спасение на нив и за сите луѓе. Нека е честито и вечно, рече г. Иларион, митрополит брегалнички.

Голем труд е вложен, но истовремено и со многу радост е граден овој храм и сите работи кои што се внесени во него се драгоцени како најголем дар кон Мајката Црква, затоа што многу нешта се даруваат но ова е најголемиот поклон што се дарува на Црквата, заврши во својата беседа Митрополитот Иларион.

По чинот осветувањето и литургијата, ктиторот Благој Ситновски на свечен начин ја предаде новоизградената црква на МПЦ – ОА, односно на Брегалничката епархија. За оваа големо ктиторско дело, Брегалничката епархија, односно митрополитот брегалнички г. Иларион, во знак на благодарност од името на свештенството и монаштвото, го одликуваше со златен орден со ликот на заштитникот на епархијата „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“.

Ктиторот Благој Ситновки од свое лично име му се заблагодари на надлежниот митрополит брегалнички г. Иларион и на сите кои работеа на изградбата на овој велелепен храм.

- Најпрво дозволете ми од мое име и од името на моето семејство да му се заблагодарам на неговото високопреосвештенство митрополитот брегалнички г. Иларион за осветувањето на овој прекрасен храм којшто заедно јас со моето семејство решивме да го изградиме овде на падините на Осоговските Планини во спомен на нашите најмили коишто починаа и за сите верници во Репеблика Македонија. Овој храм го направивме не само за нашето семејство, туку осветувајќи го и поклонувајќи го на МПЦ, сакаме да дадеме свој скромен придонес за нашата древна Охридска Архиепископија. Сакаме на сите верници во општина Кочани и пошироко коишто денеска присуствуваа на овој свечен чин да им се заблагодариме за нивното присуство, да им посакаме добро здравје и да си ја чуваме нашата МПЦ – ОА и да ги негуваме традициите и вредностите коишто таа ни ги дава, рече Благој Ситновски, ктитор на храмот „Св. Климент Охридски“.

За сите присутни беше организирана заедничка трпеза, која што беше благословена од надлежниот митрополит.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 139 гости и нема членови


web counter



qr code