Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bomba kola316.09.2015  Надворешната канцеларија за криминални работи од Кочани по повеќе од четири години го расветлува случајот во кој беше подметната бомба под автомобил паркиран во двор на улицата “Гоце Делчев“.

Според полициски извори, по преземените истражни мерки било откриено дека експлозивната направа ја поставил 21-годишниот Б.М. од Кочани. За него постоело основано сомневање дека сторил две кривична дела, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност„.

Поради тоа полицијата против него поднесе кривична пријава до Основниот јавен обвинител, при што се доставени и наоди за периодот и постапката во која била подметната бомбата.

- Пријавениот на 15. февруари 2011 година откако неовластено набавил рачна бомба кашикара постар модел, со запалка од рачна бомба М-75, отишол на улицата “Гоце Делчев“ во Кочани и во дворното место од семејната куќа на лице од Кочани, позади задното лево тркало од неговото патничко моторно возило “мерцедес“ ја поставил бомбата и употребил непозната запаллива материја при што дошло до експлозија и целосно опожарување на возилото, со што предизвикал и значителна опасност за животот и телото на луѓето, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР - Штип.

Полицијата не ги соопштува можните мотиви поради кои експлозивната направа била поставена под автомобилот. Нив пријавениот ќе треба да ги објасни во судската постапка што се очекува да следи по пријавата.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code