Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

trgovski kafici17.09.2015  Општина Кочани е подготвена да ги реализира активностите околу манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ и “Оризовата бела ноќ“ комплетно од сопствениот буџет. Барањето за финансиско вклучување во манифестацијата не е доставено само до угостителите во Трговскиот центар, туку и до други стопанственици од Кочани.

Од Општината се задоволни од одѕивот, и манифестацијата ќе се одржи без разлика на тоа колку угостители ќе се вклучат во акцијата, истакна градоначалникот Ратко Димитровски на денешната прес-конференција по реакцијата и негодувањето на одредени угостители во Трговскиот центар да платат по 6.000 денари за вклучување во “Оризовата бела ноќ“.

- Јас сум задоволен од одѕивот на компаниите кои што финансиски се вклучија во манифестацијата. За жал се направи една фама и одредени наши угостители од централното градско подрачје имаат одбивност кон оваа акција, но јас како градоначалник, односно ние како Општина оваа манифестација ќе ја организираме, без разлика на тоа дали тие ќе се вклучат или не. Манифестацијата ја организираме за сите граѓани на Општина Кочани и за гостите кои што доаѓаат. Ја организираме на места каде што проценуваме дека ќе има најмногу посетители. Засега имам информации дека има одбивност од одредени угостители во централното градско подрачје за учество во манифестацијата. Мислам дека тоа ќе биде надминато и дека и тие ќе платат и ќе се вклучат во акцијата, изјави Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Димитровски беше повикан да одговори на реакцијата на угостителите на трговските објекти кои беа револтирани и непријатно изненадени од барањето на Локалната самоуправа за нивно финансиско учество во манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Општината барала секој сопственик на објект во Трговскиот центар да плати по 6.000 денари за одржување на “Оризовата бела ноќ“, со што не се согласуваат угостителите.

Димитровски додаде дека барањето што Општината го поднесе до сопствениците е без никакви притисоци и уцени и нема причина за револтираност или забуна кај нив. За местото и датумот на одржување на активностите од сите манифестации што се организираат во Кочани проценува Општината во зависност од тоа каде сметаат дека ќе има повеќе публика и секако од барањето на спонзорите кои се организатори. Сега за “Оризовата бела ноќ“ проценките се дека заради временските услови најдобро е да се одржи на платото во Трговскиот центар и се надеваат дека идејата ќе биде прифатена од сите.

Инаку, угостителите и понатаму стојат на своето дека до одржување на “Оризовата бела ноќ“ има уште време и ќе организираат средба меѓу себе со цел да се договорат што да прават и како заеднички да постапат понатаму.

По одржаната прес-конференција на градоначалникот, угостителите велат дека сега им е полесно кога знаат дека ќе нема притисоци, уцени и казни за оние кои нема финансиски да учествуваат во манифестацијата.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code