Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

asfaltiranje janka stoimenova321.09.2015  Викендов се реализираше асфалтирањето на улицата “Јанка Стоименова“ во населбата Оризари, една од сообраќајниците што влезе во проектот на Општина Кочани за изградба на сообраќајната инфраструктура. Оваа улица е прва од десетината што треба да се изградат во наредните неколку месеци, а за што се обезбедија пари со кредитот од Светска банка. Коловозот е со должина од 300, а широчина од 5 метри.

Пред асфалтирањето на улицата беше извршено дополнително пробивање и рамнење на теренот, тампонирање на подлогата и поставување на бетонските рабници. Освен тоа, навремено е решен доводот и одводот на отпадните води за куќите кои гравитираат кон оваа улица, што според одговорните во Локалната самоуправа ќе биде реализирано и на другите сообраќајници.

- Значи, улиците кои се преку проектот од Светска банка не станува збор само за асфалтирање, туку и за изграба и на фекална и на атмосферска канализација и решавање на водоснабдувањето. За сите овие 10 улици е предвидено и фекална канализација и водовод и приклучоци за останатите неизградени плацеви и атмосферска канализација. Тоа е според принципите и нормативите на Светска банка, рече Петар Апостолов, секретар на Општина Кочани.

Во текот на оваа недела се очекува да започне асфалтирањето и на улиците “Македонска“ и “Христијан Карпош“ во населбата Усова Чешма. Според Апостолов, пробивањето и тампонирањето е при крај и на останатие улици кои се работат со проектот.

- Во претходните денови започнаа со улицата “Димитрија Лазаров“, исто така започнуваат и активностите на улицата “Орце Николов“, така што веќе повеќе од 50 отсто од улиците се започнати со изведување. Знаеме дека прво се започнаа улиците “Ѓорче Петров“ и “Пиринска“ на кои се работат потпорните ѕидови и канализацијата, пред некој ден започна и на улицата “Февруарски поход“, се работи атмосферската и фекалната канализација онаму каде што нема и очекуваме дека динамиката се уште ќе се зголемува, додава Апостолов.

Изведувач на градежните работи е компанијата “Еуроинг“ од Гевгелија. За реализација на проектот за комплетирање на десетината улици во градот и во населбата Оризари, Локалната самоуправа обезбеди 1 милион евра, како кредит од Светска банка што ќе треба да се враќа во наредните 10 години. Со парите треба да се изградат и асфалтираат улици во вкупна должина од околу 4 километри.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 141 гости и нема членови


web counter



qr code