Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vincini425.09.2015  13 илјади тони кондиторски производи годишно кои се извезуваат во 50 држави ширум светот произведува компанијата “Макпрогрес“. Во последните десет години се инвестирани околу 20 милиони евра во инфраструктура и производни линии со што се дојде до бројка од 300 најразновидни производи.

Лидерот во кондиторски производи во Македонија компанијата слави 25 години постоење. Брендот “Винчини“ е име кое е интернационален белег на македонското поднебје.

Пред присутните гости од земјава и странство, градоначалници од повеќе општини, како и Претседателот на Стопанската комора на Македонија беа пуштени во употреба два нови производни погона и една производна линија за производство на вафли и разновидни кекси и торти во кои се вложени 4,5 милиони евра.

- Овој успех е постигнат со трудот на сите вработени и со континуирани инвестиции. На најдобар можен начин ја одбележуваме нашата годишница со отворање на нови производни погони и една производна линија во кои се вложени 4,5 милиони евра и кои денес во присуство на Претседателот на Стопанска комора на Македонија, на градоначалниците на повеќе општини и целиот менаџмент на компанијата и гостите од земјава и странство ги пуштаме во употреба. Производите на “Винчини“ можат да се најдат во повеќе од 50 земји и карактеристично е што освен на Балканот производите можат да се најдат и на Гренланд, Австралија и Америка. Денеска имаме и дистрибутери од таму за да ги видат новите достигнувања и новата производна линија, рече Глигор Цветанов, директор на “Макпрогрес“.

“Макпрогрес“ претставува гордост на регионот и на цела Македонија, истакна Претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески.

- “Макпрогрес“ е лидер во кондиторската индустрија во Македонија. Најголема компанија со најголем извоз во преку 50 земји и морам да кажам дека тоа е гордост и за Македонија и за Стопанската комора и за целиот ваш регион, затоа што со својот динамичен развој во последните години покажа дека и македонскиот производ може да биде пласиран на преку 50 земји особено на Европските пазари кои што бараат висок квалитет и сето тоа е вистинска потврда дека не само Макпрогрес туку уште 300 или 400 компании кои што работат според сите светски нормативи можат да го задржат македонскиот бизнис на високо ниво, рече Бранко Азески, Претседател на Стопанска комора на Македонија.

Роденденската прослава продолжи во хотел ресторан “Александар Парк“ во Виница каде што присутните гости ги забавуваше Емил Арсов со бендот. “Макпрогрес“ и понатаму ќе расте со исто темпо и ќе ги следи потребите на потрошувачите.

Во план е до 2020 година да се зголемат производните капацитети за двојно со дополнителни инвестиции со околу 15 милиони евра.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 197 гости и нема членови


web counter



qr code