Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

canabis prilepcani25.09.2015  Неуспешно завршил обидот на двајца прилепчани да наберат стебла од канабис во Облешево и потоа да ги транспортираат дома за да ги преработат во марихуана. Полицијата ги пресретнала на патот кај Три Чешми и по проверката на нелегалниот товар во возилото, ги привела во полициска станица.

Според полициските информации, се работи за 29-годишниот А.Г. и 38-годишниот Д.Б., и двајцата со адреси на живеење во Прилеп.

По извршениот разговор на полициските инспектори со нив било констатирано дека постојат основи на сомнение оти прилепчаните сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

- Пријавените на 24 месецов година неовластено, од место на локалниот пат кај село Облешево набрале 106 стеблата од растението канабис. Со цел истите да ги пренесат во Прилеп, ги ставиле во јутени вреќи во багажникот на патничко моторно возило “рено скеник“ со прилепски регистерски ознаки, со цел да ги пренесат, преработат и припремаат за продажба на наркозависници во Прилеп и со цел да се стекнат со противправна имотна корист, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР - Штип.

Поднесувањето на кривичната пријава против двајцата прилепчани Полицијата дополнително го образложува со тоа што тие веќе се наоѓале во евиденцијата како сторители на слични кривични дела и против нив и претходно биле поднесувани пријави до Обвинителството.

T. Aјтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code