Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

deska206.08.2013  Почина 70-годишната тешко подвижна и болна Дешка Трендафилова од Оризари која секојдневно беше малтретирана од снаа си и оставена да живее во шупа.

Бидејќи беше оставена гладна, жедна и без потребните лекови, нејзината ќерка Живка Филипова од Кочани реагираше до Центарот за социјални работи и до Канал 8 телевизија за решавање на состојбата на мајка и. Поднесе барање за итно префрлување во старечки дом.

Центарот ги презеде сите неопходни мерки за сместување на Трендафилова во дом, а во тоа и успеа кога беше префрлена во домот за стари лица во Прилеп. Но, по само една недела помината во домот старицата почина.

„Случајот Дешка“ и е познат на кочанската јавност откако пред еден месец неподносливата мака на виделина ја исфрли керќата  која јавно проговори за проблемите на мајка си.

Снаата Анита Трендафилова цело време ги отфрлаше наводите дека ја малтретира свекрва си, само бараше да биде згрижена во старечки дом.

Инаку за префлање на телото на почината Трендафилова на ќерка и и барале 9000 денари. Трошоците целосно ги покри кочанскиот Центар за социјални работи.

Т. Велкова

Сподели

deska

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 70 гости и нема членови


web counter



qr code