Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

oriz607.08.2013  Добро напредуваат новите сорти ориз што за првпат годинава во кочанскиот регион беа донесени од Турција.

На површина од околу 5 декари, сопственост на Земјоделскиот институт, во т.н. микро опит засеани се 15 различни оригинални сорти добиени од турските земјоделски експерти. Освен тоа, 10 од овие сорти дополнително се испитуват на поголеми парцели, односно во макро опит.

Иако сеидбата на растенијата се одвиваше во исто време, тие сега се во различен стадиум од вегетацијата, во зависност од сортата на која и припаѓаат.

Сепак, од Земјоделскиот институт се оптимисти дека сите ќе покажат добар квалитет.

- Одредени сорти веќе се во интензивно метлење и цветање, за разлика од нашите сорти, меѓу кои во широкото производство е најзастапената “сан андреа“, која е нешто подоцнежна сорта. Повеќето од турските сорти што ги тестираме на нашите површини, во нашите климатско-почвени услови, се порани сорти и се во понапредна фаза, рече д-р Добре Андов од Земјоделскиот институт  – Скопје.

Споре Андов, климатските услови во кочанскиот крај за сега се покажале како одлични за турските сорти, што во иднина би овозможило менување на сортиментот на оризот што се сее кај нас. Сепак, оценка е дека е се уште рано да се даваат целосни заклучоци, затоа што е потребно комплетно да заврши вегетацијата и да се измерат сите параметри во однос на стандардната сорта “сан андреа“, што е земена за споредбена.

Инаку, во опитите на новите сорти се применуваат вообичаените агротехнички мерки за кочанскиот регион.

- Ѓубрење, стандардно од 120 до околу 150 килограми активен азот по хектар, фосфор и калиум по 90 до 100 килограми, заштита од плевели, заштита од алги и од некои други штетници, така што технолгијата е онаа стандардната. Сакаме да видиме со таква технологија какви резултати ќе дадат сортите. Сите се одгледуваат исто и на крајот разликата во однос на приносот и квалитетот треба да биде резултат на сортата, рече Андов.

Досегашните испитување на новите турски сорти покажале дека дел од нив се нешто пониски од оние што до сега се користеа кај нас. Според Андов, тоа значи дека тие имаат поцврсто стебло и можат да поднесуваат повисоки агротехнички мерки, што на крајот би требало да даде и подобри приноси.

Освен на сопствените површини, од Земјоделскиот институт се следи вегетацијата на оризовите ниви на 20 индивидуални земјоделци кои годинава исто така добија семе од турските сорти.

Т. Ајтовски

Сподели

oriz5oriz

oriz2oriz4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code