Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

oriz bel02.10.2015  Килограм бел ориз од овогодишната реколта ќе се откупува по 50 денари за килограм. Тоа е долната граница под која не треба да се оди, а за евентуално подобар квалитет на понуденото производство може да биде и повискока.

Таков е крајниот заклучок од средбата што во четвртокoт се одржа во Министерството за земјоделство во Скопје, a на која присуствуваа министерот Цветков и претставници на земјоделските оризопроизводни здруженија од регионот и од откупно-преработувачките претпријатија.

Со тоа стравувањата на земјоделците дека откупната цена на оризот ќе се намали во однос на минатогодишната начелно се отстранети.

Средбата во Скопје била долга и напорна за преговарачките страни, но на крајот е донесено прифатливо решение за сите.

- После неколкучасовни разговори, консултации, изнесување на ставови и мислења, беше донесен заклучок цената да изнесува 50 денари за килограм, независно од сортите ориз, и 25 денари за арпа. Мислам дека доколку тоа се почитува, за почеток е цена што би ги задоволила двете страни, значи и откупувачите и производителите на ориз. Секое евентуално менување на цената би требало да значи повторна средба, пак под медијаторство на министерот и во состав во кој се одржа состанокот, односно присуство и на откупувачите и на производителите, рече Ставре Јанев, претседател на Самостојниот синдикат на индивидуални земјоделци.

На состанокот се разговарало и за ефикасно контролирање на увозот на ориз од странство со што ќе се спречи можноста за паѓање на малопродажната цена во трговската мрежа во Македонија, а со тоа и на откупната цена, од што најголема штета ќе имаат земјоделците.

- До максимум е подигнат надзорот од страна на инспекциските служби и мислам дека нема да се дозволи влез на увозен ориз од причина што ние имаме доволно за пазарот на Република Македонија и оваа година се очекува приносите да бидат некаде околу 600 килограми по декар или вкупно околу 30.000 тони оризова арпа, од кои 30% претставува вишок што мора да оди на пазарите надвор од Македонија, додава Јанев.

Оценка на откупувачите била дека договорената цена не е проблем за пласман на оризот на домашниот пазар, со оглед што во малопродажба цената за килограм е меѓу 70 и 80 денари. Нивната забелешка била во делот на извозот со оправдување дека имало тренд на паѓање на цените на берзите.

Сепак, проверката на состојбата на берзите во Италија, како најголем дистрибутер на ориз во Европа, покажува дека цените се на задоволително ниво, односно се движат од 900 до 1700 евра за тон, во зависност од тоа за која класа и сорта на ориз станува збор. Тоа значи дека нашите откупувачи и со 50 денари за килограм ќе постигнат конкурентна цена на пазарите во странство.

T. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code