Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zetva oriz05.10.2015  Со традиционалното рачно зажнејување на полињата во Кочанско започна жетвата на оризот, единствената земјоделска култура што Македонија ја извезува.

Земјоделците се надеваат дека од засеаните 4.800 хектари годинава ќе ожнеат околу 30.000 тони оризова арпа што како бел ориз ќе се пласира на домашниот, а една третина и на пазарите во соседните држави.

На стартот на жетвените активности временските прилики се погодни, оризопроизводителите очекуваат за разлика од лани да добијат просечни приноси, па вниманието им е насочено кон откупната цена и пласманот.

- Да биде арпата 25 денари, а да не не интересира рандманот, ни одговара така. Ако белиот ориз биде 50 денари, а рандманот е 40 или 30 отсто, тогаш арпата испаѓа по 18-20 денари. Немаме откуп, а да има откуп ќе го продадеме веднаш, рече земјоделец од Кочани.

Претставници на земјоделците и на откупувачите неодамна на состанок во Министерството за земјоделство оценија дека цената на белиот ориз не треба да биде пониска од 50 денари за килограм. Што се однесува да арпата, нивните проценки се дека таа треба да се откупува за 25 денари.

Министерот за земјоделство смета дека за да се задржат овие цени, пред се за пласман на странските пазари, неопходно е да се обезбеди квалитет на производството.

- Откупувачите и оризопроизводителите треба да имаат предвид дека треба да понудат квалитет и пред се конкурентни цени, имајќи предвид дека конкуренцијата навлегува на овие простори, пред се од Грција и Италија кои го нудат под името кочански ориз. Граѓаните во Србија не знаат дали е кочански или грчки, бидејќи така го нудат, затоа што нашиот кочански ориз има бренд. Значи во тој правец да го задржиме квалитетот и да направиме конкурентни цени, рече Михаил Цветков, министер за земјоделство.

Цветков додаде дека за да бидат поконкурентни на пазарот, односно за да го одржат квалитетот на производството, земјоделците треба да се здружуваат во задруги. Во наредниот период државата планира во Кочанско да изгради три капацитети за чување и сушење на оризот, што потоа под поволни услови ќе им ги преотстапи на задругите.

Министерството за земјоделство планирало површините под ориз постепено да ги врати на 8 до 9 илјади хектари. За да се постигне тоа во наредниот период државата треба да вложи околу 80 милиони евра во системите за наводнување во овој регион.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 107 гости и нема членови


web counter



qr code