08.10.2015 Една година по кражбата во детски бутик во Виница полицијата го открила сторителот и против него се преземени соодветни законски мерки.
Надворешната канцеларија за криминални работи утврдила дека се работи за 22-годишниот И.М. од Виница, против кога постоело основано сомнение дека сторил кривично дело “тешка кражба“. По расчистувањето на случајот против него е поднесена кривична пријава.
Истрагата покажала дека пријавениот ноќта меѓу 29 и 30 ноември минататa година со цел да се стекне со противправна имотна корист го искршил стаклото на влезната врата на бутикот за детска текстилна стока „Кит – Кет“ во Виница.
Потоа влегол внатре, извршил пребарување на рафтовите и противправно одзел поголема количина на текстилна стока.
Подоцна е утврдено дека е предизвикана штета во висина од над 163.000 денари. Сепак, истражните органи успеале да му влезат во трага на крадецот и му поднеле пријава до Oбвинителството, па поради своето однесување тој ќе се соочи со соодветна судска постапка.
T. Aјтовски
24°C
Кочани