Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sdsm poseta09.10.2015  Претставувањето на програмата “Визија за Македонија“ и мислењето на граѓаните за одредени решенија што ги нуди СДСМ, со можност тие да понудат свои предлози за кои сметаат дека треба да се најдат во програмата на партијата се основната цел на средбите со жителите на Кочани и Грдовци, што ја остварија генералниот секретар на Оливер Спасовски, потпретседателката Фросина Ременски и членот на Извршниот одбор Петар Атанасов.

Таквата активност е неопходна за една партија која сака да се врати на изворот на социјалдемократијата и да понуди програма во која ќе има правда и демократија за секого, а ќе ја врати и средната класа во граѓанството, рече Спасовски.

- Не е доволно да имате само визија, да имате добра програма, туку треба да имате и одговорна, чесна власт, со компетентни и стручни луѓе. Такви луѓе има СДСМ и во тој дух сакаме да ги чуеме и граѓаните. Исто така, сакам и од овде да упатам порака дека политичките преговори што се водат во моментот во Република Македонија мора да завршат успешно, не треба ниту Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ да купуваат време, бидејќи навистина нема време и мора, дојден е денот да се сноси одговорност и мислам дека не треба да продолжуваат со тие финти што ги употребуваат и во текот на преговорите, она што и го прават на Република Македонија во овие 9 години, туку напротив, да се соочат со реалноста и овие преговори да завршат успешно во делот на изборното законодавство, рече Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.

Спасовски додаде дека треба да завршат и преговорите околу еднаквата застапеност во медиумите на секој политички субјект во Македонија, со што процесот поддржан од ЕУ и САД ќе се реализира успешно и ќе овозможи во Македонија да има власт која ја заслужуваат нејзините граѓани. Тој рече дека една од определбите на неговата партија е да продолжи поддршката за земјоделците.

- Ние денес имаме енормно високи субвенции во Република Макеоднија, а падот во земјоделското производство, падот на животниот стандард на земјоделците рапидно се намалува. Тоа не е оди правопропорционално. Нашата програма предвидува навистина секој, ама вистински земјоделец да ги добие субвенциите, да ги добие навремено, на почетокот на производната година за која било реколта. Предвидено е тие да изнесуваат околу 160 милиони евра на годишно ниво и преку државната помош на земјоделците да им овозможиме да си го зголемат сопствениот стандард. Покрај субвенциите е предвиден и бенефициран стаж за земјоделците и тоа исто така е многу значајна мерка, додаде Спасовски.

Посетите на населените места во Македонија не значи дека предизборната кампања е почната, туку единствена цел е да се слушнат мислењата на граѓаните, како што треба да прави одговорна партија, рече Спасовски.

- Во моментот имаме една неодговорна влас која што не ги слуша граѓаните, туку тера по свое, лечи свои споствени хирови. Ние сакаме да сме заедно со граѓаните и до победата и после победата на 24 април и ссамо преку координирана, заедничка борба со граѓаните, бидејќи и борбата за падот на режимот, меѓутоа уште поголема ќе биде и после 24 април за ревитализација на Републиак Македонија. Тоа можеме да го постигнеме само заедно и со поддршка на граѓаните, рече Спасовски.

Престојот во Кочани, раководството на СДСМ го заврши со одржување трибина во Мултикултурниот центар, на која под називот Создаваме Влада одговорна пред граѓаните, една од темите беше и претставувањето на проектот “Визија за Македонија“.

T. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 133 гости и нема членови


web counter



qr code