Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pat kocani delcevo14.10.2015  Постапката за реконструкција за коловозот на патот Кочани – Делчево добива и практична реализација со распишувањето на тендерот за избор на изведувач на работите.

Државата планира да вложи над 600 милиони денари со што ќе се постави нов асфалтен слој и ќе се обезбеди широчина на коловозот од 6 метри.

Оваа делница е дел од активностите за подобрување на патната инфраструктура во источниот дел на државата, а според министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, ќе се реализира во текот на оваa и првата полoвина на идната година.

- Денеска официјално го распишавме тендерот за изградба на патот Кочани – Делчево, се работи за инвестиција вредна 10 милиони евра. Отприлика 30 километри нова делница. Исто така, сакам да кажам дека до крајот на годината ќе започнеме со нови патишта, се работи за Штип – Радовиш и Штип – Кочани. Очекувам дека до крајот на годината ќе ги завршиме сите потребни постапки и документација за распишување тендер за градба и во првата половина на 2016 година да започнеме и официјално со градба. Така што правиме едно целосно подобрување на инфраструктурата во целиот регион, рече Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.

Министерот Мисајловски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Александар Стојанов, беше во работна посета на Кочани и направи увид во текот на реконструкцијата на коловозот на влезот од градот. Притоа беше најавено и подобрување на состојбата со патната сигнализација на постојната магистрала А3, на делот меѓу Штип и Кочани.

- Ќе се постави комплетно нова вертикална и хоризонтална сигнализација, значи ќе се обноват знаците, таблите, ќе се постави осветлување во населеното место Крупиште каде што има делење за Пробиштип и сега околу Кочани, веќе направивме две клучки, едната е кај Оризари, за Зрновци имаме потпишано договор, а влезот во Кочани, овде каде се наоѓа првата клучка кога доаѓате од Скопје ќе се третира заедно со изградбата на експресниот пат. Значи, експресниот пат доаѓа тука, на ова место се спојува и кога ќе почнеме со градбата на експресниот пат тогаш ќе можеме да ја осветлиме и оваа клучка овде, рече Александар Стојанов, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

Според Стојанов, работите за реконструкција на коловозот на влезот во Кочани се во завршна фаза, односно по довршувањето на асфалтирањето ќе следува замена на оштетените сообраќајни знаци и банкини, како и обележување на хоризонталната сигнализација. Целата инвестиција чини околу 8,5 милиони денари, а обновен е асфалтен коловоз во должина од околу 1.200 метри.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 176 гости и нема членови


web counter



qr code