Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

saem za vrabotuvanje201521.10.2015  Голем интерес меѓу невработените лица предизвика Саемот за вработување што во Кочани го организираше Агенцијата за вработување. Спортската сала на ОУ “Никола Карев“ во која се одржа манифестацијата беше соодветен простор за на едно место да се сретнат работодавачите и лицата кои бараат работа и меѓусебно да ги претстават заедничките интереси.

Меѓу присутните невработени видлив беше масовниот интерес на оние на возраст меѓу 50 и 60 години со надеж дека ќе успеат да пронајдат можност за работен ангажман.

Најмногубројни меѓу претпријатијата беа оние од текстилната дејност што е карактеристика за регионот, но имаше и од преработувачко-откупните фирми за земјоделски производи, производството на мебел, столарија, од печатарската дејност и други.

На Саемот за вработување присуствуваше и директорот на Агенцијата за вработување, според кого интересот на двете присутни страни е на очекуваното ниво.

- Собрани се 22 компании од регионот Исток кои ќе ги понудат своите работни места за сите оние што бараат работа, за оние кои бараат егзистенција. Можеби денеска не се сите кои имаат отворени работни места, но јас ги охрабрувам сите невработени да ги следат огласите што се објавуваат на веб проталот на АВРМ со кои ќе можат побрзо да дојдат до работни места. Ова е четвртиот Саем по ред за оваа година и се надевам дека ќе биде исто така успешен како што беа претходните три, рече Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Поповски рече дека се очекува на Саемот да се соберат поголем број податоци за работните карактеристики за невработените лица што подоцна можат да се искористат за ангажман во претпријатијата што не биле присутни на манифестацијата, а имаат потреба од вработување.

Од досега одржаните саеми имало позитивно искуство, односно тие ги дале почетните ефекти, поради што активноста продолжува и во другите градови.

- Од првиот Саем имаме соодветни ефекти, 108 вработувања за само три недели, што е висок просек. Јас се надевам дека и другите саеми што ги одржавме во меѓувреме ќе дадат слична бројка, како и на саемот во Кочани на кој очекуваме да има поголем број на вработувања. Морам да нагласам дека најбарани се техничките кадри, за кои што ние укажуваме дека треба да се запишуваат младите на овие училишта и факултети, бидејќи нема да бидат невработени, туку ќе бидат вработени, додаде Поповски.

Потребата на пазарот на труд од вработување лица со технички занимања била голема, а бројот на оние што завршуваат соодветно образование е мал, поради што Агенцијата ќе продолжи со препораките до невработените каков образовен профил најчесто се бара.

Саемот за вработување продолжува за една недела и ќе се одржи во Радовиш за невработените лица и работодавачите од радовишкиот, струмичкиот и валандовскиот регион.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code