Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vozilo soobrakajka21.10.2015  Несоодветната брзина при управување со моторните возила и непочитувањето на сообраќајните прописи се главните причини за сообраќајните несреќи што за неполни 12 часа се случија во Кочани. Три од сообраќајќите завршија со посериозни последици, односно со телесни повреди кај учесниците и со материјална штета кај возилата.

Првата се случила неколку часа по полноќ при што патничко моторно возило марка “бмв“ управувано од 27-годишниот Т.В. од Кочани излетало од коловозот и удрило во бетонска ограда кај крстосницата меѓу улиците “Димитар Влахов“ и “Глигор Апостолов Гочо“.

Поради неприлагодената брзина на движењето по ударот автомобилот ја прелетал оградата и се нашол во дворот на блиската куќа, а возачот се здобил со телесни повреди, поради што бил префрлен во болница.

Оваа локација на влезот од градот е позната црна точка на која често се случуваат слични инциденти, во кои освен материјалната штета, до сега имало и телесни повреди, па и жртви.

Втората сообраќајна несреќа се случила во вторникот околу 18,30 ч. на магистралниот пат А3 во близина на бензинската пумпа “Екоил“ кај Тркање. Во неа учествувале тешко товарно возило со кумановски регистерски таблички и трактор, а причина е што возачот на камионот поради врнежливото време и неповолните услови на коловозот не успеал навреме да ја забележи земјоделската механизација пред себе и дошло до судир. Притоа тој се здобил со телесни повреди.

Третата сообраќајна несреќа се случила истата вечер половина час подоцна на улицата “9 Мај“ во Кочани. Патничко моторно возило “форд мондео“ поради неприлагодената брзина и лизгавиот коловоз удрило во трактор што се движел во спротивен правец. Од ударот е направена поголема материјална штета, а 67-годишниот возач на тракторот бил повреден, а по лекарската интервенција бил пуштен на домашно лекување.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 217 гости и нема членови


web counter



qr code