Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

mace309.08.2013  Храбар потег на младата Кети Зашева од Кочани. Спаси живот на маче што случајно го забележала заглавено во шахта на улицата “Стево Теодосиевски“  (“Ленинова“).

Цели седум дена хуманата Зашева барала помош од надлежните да го спасат мачето и да го извадат од шахтата. Им оставила и порака во која ги моли за помош, но не добила потврден одговор, дури наишла на дрско и недолично однесување од нивна страна.

-Поминував покрај улицата и слушнав дека нешто мјаука во шахтата. Кога видов дека тоа било малo маче кое е немоќно да се спаси, решив да му помогнам. Случајно здогледав еден полицаец и го замолив за помош, но тој дрско ми одговори дека поминал денеска низ шест села и дека не може да се расправа со мачиња. Потоа отидов во полиција и во пожарната, но и тие исто така не презедоа ништо, рече храбрата Кети Зашева.

За цело време додека молела за помош, на мачето кое било на чекор до смртта, редовно му носела храна и вода за да преживее.

Откако видела дека од надлежните нема никаква потврдна реакција решила сама да го спасува мачето. Влегла во шахтата и го извадила, не размислувајќи дека во опасност го става сопствениот живот.

- И откако видов дека никој ништо не презема, јас слегов во шахтата и го зедов мачето. Беше исплашено, целото се тресеше и имаше крв на вратот. Јас го зедов, го избањав, му дадов храна, ама одбиваше да јаде. Мислам дека ако и вечерва поминеше во шахтата, ќе умреше. Инаку беше сосема на крајот од шахтата, беше многу длабоко, но јас се ќе направам само да преживее. Да имаше полиција во Кочани и во Македонија немаше да дозволат вака да им се случува на животните. Јас му фрлав храна и вода, за да преживее и на крајот дури и го спасив. Некои ми велеа не можеш да го извадиш, ама бев упорна, додаде Зашева.

Ако сите би реагирале на ист начин како малата Кети, тогаш животните не би имале проблеми. Но, за жал ретки се луѓето како неа, спремни да помогнат на животно, ризикувајќи си го животот.

-Чудно ми е како некои луѓе немаат чувства спрема животните, немаат срце за овие мали животни. Јас мислам дека треба да бидат по хумани и да помагаат, ама ништо од тоа. Голема благодарност до Канал 8 телевизија што се обидовте на некој начин да ни помогнете, додаде Кети.

Очигледно е дека малата Кети животот го цени подеднакво. Нејзините родители кои ја подржуваат во храбрите потези, велат дека е многу чувствителна кога станува збор за животните. Ги сака многу посебно малите мачиња и се би дала за да ги спаси ако им е загрозен животот. Мајка и на Кети вели дека цела недела додека мачето било заглавено во шахтата девојчето било депресивно, мислело само на него и се молело да не му се случи нешто. Ова не и прв пат на Кети да помага на животни, има спасено и згрижувано и други.

Т. Велкова

Сподели

mace5mace4mace2 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code