Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fudbal stars1227.10.2015  Најмладите членови на “Фудбал старс“ и понатаму не знаат за пораз во настапите против своите врсници во Регионалната лига за помлади пионери – североисточен регион. На гостувањето во Крива Паланка му ја наполнија мрежата на домаќинот “Премиер“ не оставајќи му можност да ја загрози високата победа.

Фудбалерите од генерацијата родена 2001 година со резултат 6:0 и понатаму се сигурни претенденти за освојување на првенството, а носители на играта и победата овој пат беа Зашев и Митев со по два, и Живков и Донев со по еден постигнат гол.

Со максимално освоени бодови, вкупно 21 и победи во сите 7 кола, екипата се наоѓа на првото место на табелата.

Победа против истоимената кривопаланечка екипа извојуваа и нивните постари колеги. Во пионерска конкуренција “Фудбал старс“ го победи “Премиер“ со 5:1, при што и единствениот примен гол е по сопствена заслуга како автогол. Со оглед што противничката екипа се наоѓа на последното место на табелата без ниту еден освоен бод, таа беше лесен плен за гостите од Кочани кои успеаја да ја постигнат својата прва победа и да ја поправат гол разликата. Сепак, со само една победа и две нерешени средби во изминатите 7 кола, тие и понатаму се претпоследни.

Одлична игра и победа забележаа младите членови на“Фудбал старс“ и во другите категории. Во детската лига – источен регион се одигра 6 коло, а кочанските фудбалери му гостуваа на “Рудар јуниор“ во Пробиштип. Генерацијата родена 2003 победи со 3:0, генерацијата 2004 со 3:2, а најмладите, родени 2005 година обезбедија победа од 4:1.

Во Општинската лига - Кочани се одигра 4 коло во кое “Фудбал старс“ на домашен терен се сретна со “Злетовка 2015“. И покрај водството на нашите фудбалери во првото полувреме, на крајот натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1.

T. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 102 гости и нема членови


web counter



qr code