Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

daf403.06.2013 Ниту една претстава од понудените на овогодишниот ДАФ не се издвои и не ги исполни условите да го понесе   признанието „Гран При“. Жири комисијата составена од професионални актери и театарски продуценти одлучи годинава да нема победник.

На 49-то издание на ДАФ учествуваа 15 претстави од целата република и од соседството. Можеше да се погледнат детски , младински и пензионерски претстави од сите жанрови и форми на театарската уметност спакувани во 6 фестивалски вечери. Жири комисијата во состав Кристина Атанасова Арсова и Изабела Новотини, актери и театарскиот продуцент Русе Арсов, годинава одлучија наградата Гран При да не ја доделат на ниту една претстава.

-Годинава одлучивме да не ја доделиме „Гран При“ наградата затоа што ниедна претстава од годинешните понудени не ги исполнуваше критериумите за „Гран При“.

На секоја по нешто и недостасуваше, сценска изведба, костими , глума или светло, истакна Кристина Атанасова Арсова, член на жири комисија.

Затоа пак од осумте предвидени награди беа доделени седум. Наградата за најдобра споредна женска улога и припадна на Румена Диневска за улогата во претставата „Класен непријател“ во изведба на Драмската секција од училиштето „Јосип Броз Тито“ од Скопје.

Наградата за најдобра главна женска улога и беше доделена на Емилија Јакимова за улогата во претставата „Џабе се крева џева за Џони“ во изведба на Драмската секција од училиштето „Никола Карев“ од Скопје.

Наградата за најдобра машка споредна улога му припадна на Мишко Митровски за улогата во претставата „Клуб за доручек“ во изведба на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје. Наградата за најдобра главна машка улога си ја поделија двајца актери. Антониј Ѓорѓиев за улогата во претставата „Клуб за доручек“ од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје и Новко Петрушевски за улогата во претставата „Р“ во изведба на Здружението на пензионери од КУД „Ѓоко Симоновски„ од Куманово.

Наградата за најдобра режија отиде во рацете на Томе Атанасов за претставата „Парите се отепувачка“ во изведба на Аматерскиот5 театар „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

Наградата за визуелно – естетски сценски впечаток им припадна на учесниците во претставата „Стаклена менажерија“ во изведба на драмското ателје „Димитар Влахов“ од Струмица.

Наградата за колективна игра отиде во рацете на Меѓуопштинската организација за глуви и наглуви „Pantomfest teatar “ од Врање Р. Србија за претставата „Љубов“ во режија на Трајче Ѓорѓиев од Македонија.

Т. Велкова

Сподели

dafdaf1daf5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 94 гости и нема членови


web counter



qr code