Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

strajk lekari312.11.2015  Општите лекари, специјалистите, медицинските сестри и другите здравствени работници од кочанската Oпшта болница, од Здравствениот дом и од Центарот за јавно здравје пред Итната медицинска помош се собраа на протест за да го искажат својот револт за инцидентот што се случи пред неколку дена во Клиничкиот центар кога нивниот колега, хирургот Љубомир Огненовиќ беше застрелан на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје.

Изразија солидарност, но побараа и поголема соработка со здравствените власти.

Нивните барања се итно да се донесе закон за лекарска дејност со кој ќе биде заштитена лекарската фела.

Преку протест бараат да се почитува достоинството и дигнитетот на белиот мантил оти се чувствуваат дека се на работ на бездната и секогаш ставени на тапет и дежурни виновници за сите случувања во здравството, а неретко им е загрозен и животот. На крајот додадоа дека не постои лекар кој што сака и кој што има за цел да повреди пациент или намерно да му го загрози животот, туку максимално се грижат до крај за сите пациенти.

- Денешниот собир на лекарската фела и на целиот медицински персонал во општа болница Кочани, Здравствен дом и Центарот за јавно здравје е да изразиме поддршка за колегата Љубомир Огненовиќ кој имаше трагичен настан во понеделникот и да изразиме револт кон се она што се случува во здравството и односот на сите институции спрема нас лекарите. Последните неколку години односот на сите е толку лош спрема нас во смисла дека секој наш потег и движење се следи и се чека момент за мали работи да бидеме ставени на ѕидот на срамот, рече д-р Томе Солевски, специјалист - хирург.

Меѓу другите, лекарите го истакнаа и барањето за оставка на министерот Тодоров од функцијата.  

- Се придружуваме и кон барањето за оставка на министерот Тодоров со цел да се преземе нешто во нашата фела а тоа е да се обезбеди достоинството и дигнитетот на белиот мантил, да се обезбедат подобри услови за работа бидејќи работиме под голем притисок. Правата на пациентите се задоволени, но правата на лекарите ги нема никаде, додаде Солевски.

Меѓу другото лекарите побараа да учествуваат во носење на законите на здравствената дејност и со тоа да ги подобрат своите позиции во општеството како и квалитетот на лекување на пациентите. Тие бараат рамноправно да учествуваат во подготвување на новата законска регулатива која би овозможила подобра заштита на нивниот углед но и достоинствена плата.

Протестот нема да продолжи и наредните денови, но тоа не значи дека лекарите ќе престанат да ги бараат своите права, туку ќе продолжат со преговори со Министерството за здравство.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 11 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 166 гости и нема членови


web counter



qr code