Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

lazo mitev17.11.2015  Лекарот Лазо Митев од Оризари ќе биде нов координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани. Новото кадровско решение доаѓа по едногодишно пролонгирање на изборот на прв човек на владеачката партија на локално ниво.

На координаторската функција Митев го наследува својот претходник Иван Иванов, кој по изборите во 2013 година седна во парламентарните клупи.

Во изборот за нов координатор на Општинскиот комитет освен него кандидати биле и Диме Атанасовсеки, Лазар Димитријев и Зоран Беличев.

Дознаваме дека кандидатурата на Лазо Митев била прифатена од раководството на партијата и сега се чека само на официјалната потврда од партиската централа во Скопје, што треба да биде обеледенета до крајот на оваа недела.

За членовите на партијата, но и за пошироката јавност Митев е познат како советник и координатор на советничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општината. Тој е долгогодишен и активен член на партијата на власт, а за локалните избори во 2009 година се споменуваше и како еден од можните кандидати за градоначалник. Работи како матичен лекар во сопствената ординација во Оризари со работно искуство од 9 години.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 7 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 168 гости и нема членови


web counter



qr code