Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

lazo mitev223.11.2015  Изборот на Лазо Митев за нов координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Кочани доби потврда од партиската централа во Скопје. Извршниот комитет ја прифатил одлуката на локалниот огранок на партијата на власт и за нејзино целосно официјализирање се чека прифаќањето од Централниот комитет.

Потврда дека партиските органи ја формализираат функцијата што ја прeзеде од неодамна дојде и од првиот човек на Општинскиот комитет.

Сепак, тој најави одржување на посебна прес-конфернција на која ќе ја претстави својата програма за работа на партијата во Кочани, а во кратката изјава за медиумите ги повика граѓаните да се вклучат во акцијата за давање идеи за предизборната програма.

- Праќам апел до сите граѓани од нашиот град да се вклучат активно во оформувањето на нашата нова програма и ќе влезе во програмата што ќе ни биде водилка за претстојните избори. Ние така фунционираме, така сме функционирале порано, така ќе функционираме и отсега. Факт е дека остваривме повеќе од 3000 проекти што се веќе завршени и верувајте ми дека дел од тие проекти се предложени. Ние секогаш имаме практика пред секои изброи, без разлика дали станува збор за локални, парламентарни или ипретседателски избори да ги вклучиме директно граѓаните и тоа е практика што продолжува, така што еве уште еденапел нека се вклучат сите да ни помогнат во формирањето и верувам, како претседател на Општинскиот комитет дека дел од нивните предлози ќе се најдат и во програмата на нашата партија, рече Лазо Митев, координатор на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кочани.

На функцијата координатор, односно претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Митев го наследи својот претходник Иван Иванов, кој од во меѓувреме стана пратеник. Освен што сега е прв човек на партијата во Кочани, тој истовремено е и координатор на советничката група на партијата на власт во Советот на Општината.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 100 гости и нема членови


web counter



qr code