Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

metodi mitev24.11.2015  Хередитарна спастична параплегија е болеста од која боледува 33-годишниот Методи Митев од Кочани која се појавила ненадејно и го совладала. Таа предизвикала потполна парализа и одземеност на двете нозе со можност да се пренесе и на рацете.

Единствена надеж повторно да застане на нозе му даваат лекарите од Кина кои велат дека со помош на матични клетки и операција за која ќе му бидат потребни околу 28 илјади евра ќе може да функционира нормално. Митев ги моли хуманите граѓани да му помогнат да ги собере потребните средства.

- Пред некое време апелирав за помош за собирање средства да можам да купам количка како и за понатамошно лекување. Сега барам помош од хуманите луѓе да донираат да можам да соберам средства за лекување во Кина. Лекарите од Кина ми одговорија на моето барање дека може да ме излекуваат и ми гарантираат високи 99% дека ќе застанам на нозе. Тоа ми дава надеж да пробам да се лекувам во Кина но потребни ми се 28.000 евра средства кои јас во моментов ги немам. Затоа ги молам сите граѓани колку можат да ми помогнат. Им благодарам однапред, вели Методи Митев.

И младинската организација од СОУ „Љупчо Сантов“ стои на располагање за помош на нивниот сограѓанин.

- Ние членовите од Младинската органзиација од СОУ „Љупчо Сантов“ организиравме хуманитарен настан за помош на Методи Митев. Сега повторно сакаме да ја покажеме нашата хуманоста така што организираме хуманитарен концерт чиј датум допрва ќе биде одреден. Парите кои ќе бидат собрани од концертот ќе бидат наменети за помош на Методи Митев. Затоа ги молиме сите хумани граѓани да донираат во хуманитарни цели, рече Славко Тунчев, член на МО „Единство“ од СОУ „Љупчо Сантов“ .

- Младинската органзиација од СОУ „Љупчо Сантов“ не застанува тука, туку ќе организираме и уште вакви настани со цел да им помогнеме на сите луѓе на кои има е потребна помош, рече Захари Попзариев, член на МО „Единство“ од СОУ „Љупчо Сантов“.

Митев пред извесно време бараше помош од граѓаните за собирање средства за набавка на инвалидска количка со моторен погон. Граѓаните му помогнаа и тој такво помагало доби кое чинеше околу 2.000 евра. Инаку, сите хумани граѓани кои се заинтересирани да му помогнат можат да донираат на трансакциска сметка во Тутунска банка со број 700000626368.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code