Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sdsm stand25.11.2015  Средби и разговори со граѓаните во наредниот период ќе организира Oпштинската организација на СДСМ од Кочани за да го слушне нивното мислење за актуелната политичка состојба во државата.

Се работи за продолжување на активностите од започнатиот проект наречен “Визија за Македонија“ што јавно се презентираше во изминатите неколку месеци.

Партиски членови и активисти поставија штанд во централното градско подрачје на кој граѓаните во текот на денот можеа и писмено да ги искажат своите идеи за проектот, но и дадат сугестии и предлози. Беше речено дека ова е само почеток на актиовносите за непосреден контакт со сите граѓани, а во наредниот период, осбвем во градот ќе бидат посетени и другите населени места во општината.

- Со завршетокот на првата фаза се одржаа голем број трибини при што граѓаните на Република Македонија имаа можност да се запознаат со целиот овој проект “Визија за Македонија“ и изнесоа свои идеи и проекти што беа внесени во самата програма. Сега настапува втора фаза при што општинската организација на СДСМ во Кочани во деновите што следуваат ќе постави штандови на повеќе локации во градот и во околните населени места со што сакаме лично да ги запознаеме граѓаните на општината со проектот. Притоа ќе бараме од нив да ни дадат свои идеи, предлози и сугестии, како и критика за “Визијата за Македонија“ за заедно после 24 април да градиме подобра иднина за Република Македонија, рече Стојан Рашков, член на ОО СДСМ – Кочани.

Рашков рече дека е активистите на партијата се задоволни од одзивот на граѓаните, особено што за само еден час од поставувањето на штандот, над 120 граѓани ги пополниле ливчињата со прашања и ги дале своите идеи. Исто така, тие искажале и мислења за моменталната политичка состојба во државата, како и предлози како таа да се подобри.

Во изминатиот период СДСМ го промовираше проектот “Визија за Македонија“ при што беа претставени петте столба, односно одговорна власт и контрола на власта, праведна даночна и социјална политика, развој на домашните капацитети и пристојна работа, европска иднина и квалитетен живот и изградба на едно општество.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 89 гости и нема членови


web counter



qr code